Реклама

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Македонија

Набавена нова механизација за подобри комунални услуги во Општина Илинден

 Општина Илинден во насока на унапредување на комуналните услуги и зголемување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Општина Илинден во насока на унапредување на комуналните услуги и зголемување на ефикасноста во работењето, набави нова приклучна опрема и механизација за работна машина – трактор, наменета за потребите на ЈКП „Илинден“.

Новата опрема ќе овозможи тракторот да се користи за повеќе различни активности во текот на целата година. Инсталирана е хидраулика за приклучната механизација, плуг и соларка за одржување на патиштата во зимски услови, четка за метење улици за поефикасно одржување на јавно-прометните површини, дополнителен плуг за заорување на противпожарни појаси, подготовка на површини при пошумување и реализација на акции за садење дрвца, како и приколка за транспорт на растителен и комунален отпад и за превоз на различни материјали за потребите на претпријатието, соопштија од општината.

Со новата опрема, како што наведуваат, значително ќе се зголемат оперативните капацитети на јавното комунално претпријатие и ќе се овозможи побрзо, поефикасно и поквалитетно извршување на услугите за граѓаните од сите населени места на општината.