Реклама

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Македонија

Јаневска на „Европска ноќ на истражувачите“: Нема просперитет и развој на државата без развој на науката и иновацијата

Повеќе од 200 настани во неколку дена ќе опфати „Европската ноќ на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од 200 настани во неколку дена ќе опфати „Европската ноќ на истражувачите“ – проект финансиран од Европската Унија преку акциите „Марија Склодовска-Кири“ од програмата „Хоризонт Европа“. Со поддршка на Министерството за образование и наука, во глобалното одбележување се вклучени универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, „Гоце Делчев“ од Штип, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола и МАНУ.

На УКИМ настаните се одржуваат на Машинскиот факултет, каде што лабораториите на Инженерскиот кампус денеска ги посети министерката за образование и наука Весна Јаневска. 

Таа искажа задоволство што државата учествува во овој глобален настан затоа што, рече, „на тој начин Македонија станува составен дел од научната мапа на Европа“. 

Реклама

-Минатата година институционално ги поддржавме УКИМ, УГД, УКЛО, МАНУ и други организации за да може преку еден голем проект на „Хоризонт“ да станеме учесници во овој настан, односно оваа промоција.  Целта е подигање на свеста за значењето на науката и иновациите, истакна Јаневска.

Посочи дека Владата е посветена на вложувањето во науката, така што, рече, од 380 милиони денари што ги затекнале во 2024 година, сега буџетот е зголемен на  773 милиони денари.

– Ќе продолжиме со исто темпо и со исто влијание во науката, затоа што нема просперитет и развој на државата без развој на науката и иновацијата, порача Јаневска од Машинскиот факултет на УКИМ. 

Професорот од Машинскиот факултет Радмил Поленаковиќ изјави дека целта на проектот „Европска ноќ на истражувачите“ е науката да се приближи на пошироката јавност и затоа поканиле ученици и нивни наставници да ги посетат лабораториите на Инженерскиот кампус.  Посочи дека покрај УКИМ, вклучени се и универзитетите во Штип и Битола, како и Македонското еколошко здружение и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко образование.  

-Ги поканивме основните и средните училишта, како и наставниците и родителите, да дојдат да ги видат сите лаборатории во Инженерскиот кампус. Покрај колегите од Машинскиот факултет, тука се и колегите од ФИНКИ и од ФЕИТ, и сите се добредојдени на овој целодневен настан да ги посетат нашите лаборатории, да видат што се случува во областа на техниката.  Исти вакви настани се случуваат и во Битола и Штип. Ќе имаме преку 200 настани во овие неколку дена, а централните настани се денеска, рече Поленаковиќ, нагласувајќи дека развојот на државата зависи од развојот на истражувањето, иновациите и науката.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: