Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Дурмиши од Баку: Во време на глобална неизвесност државите треба да продолжат со вложувања во инфраструктурата, енергетиката, дигитализацијата

Во услови на глобална економска и геополитичка неизвесност Македонија го темели економскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во услови на глобална економска и геополитичка неизвесност Македонија го темели економскиот раст на инвестиции, структурни реформи, енергетска сигурност и продлабочување на регионалната и европската интеграција – порача министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на вториот Азербејџански меѓународен инвестициски форум (AIIF 2026) во Баку.

Како што соопштуваат од Министерството за економија и труд, министерот Дурмиши учествувал на панел-дискусијата „Градење доверба во фрагментиран свет: Азербејџан како стратешки мост меѓу регионите“, каде што пред меѓународни инвеститори ги презентирал економските потенцијали и инвестициските можности на земјата.

Министерот истакнал дека во време на глобална неизвесност државите не треба да се повлекуваат од инвестициските циклуси, туку да продолжат со вложувања во инфраструктурата, енергетиката, дигитализацијата, човечкиот капитал и производствените капацитети.

Реклама

Осврнувајќи се на конкурентските предности на Македонија, Дурмиши посочил дека стратешката географска положба на коридорите 8 и 10, индустриските зони, развиениот автомобилски сектор и пристапот до пазар од повеќе од 650 милиони потрошувачи преку трговските договори ја прават земјата атрактивна инвестициска дестинација.

– Не гледајте на Македонија само како на мал домашен пазар. Гледајте на неа како на производствена, извозна и регионална платформа – истакнал министерот.

Тој нагласил дека меѓу приоритетите на Владата е привлекување инвестиции со повисока додадена вредност, кои ќе донесат нови технологии и знаење, ќе отворат подобро платени работни места и ќе придонесат за посилно поврзување на домашните компании со глобалните синџири на вредност.

Говорејќи за актуелните економски показатели, Дурмиши посочил дека македонската економија во вториот квартал од годинава забележала раст од 4,3 проценти, што, според него, претставува дополнителна потврда за отпорноста и потенцијалот на економијата.