Дарко Попов, продуцент во кипарскиот филм „Мајка вешетерка“, презентиран во филмовите од специјалната селекција на ИФФК „Браќа Манаки“, денес во Битола говореше за соработката меѓу македонската и кипарската кинематографија.
Во фестивалскиот прес центар, продуцентот Попов говореше за пристапот во снимањето на филмот „Мајка вештерка“ чиј режисер е Минос Папас, а кинематографер Џек Мекдоналд, со што се комплетира кипарско-американскиот-македонски проект.

-Филмот се снимаше во едно село кое всушност не е живо село, туку срушено село со некои остатоци од куќи и нам ни требаа два месеца да го изградиме тоа што беше неопходно за снимање на филмот. Ние бевме свесни дека немаме доволно средства за визуелни ефекти во постпродукција, но генерално сите одлично соработувавме, рече меѓудругото Попов, продуцент во кипарскиот филм „Мајка вештерка“.
Во изјава за медиумите продуцентот Дарко Попов информираше дека во моментов се развива сценарио за новиот филм „Не се согласувам“ кој треба да почне да се снима во септември 2027 година.

