Венко Филипче и актуелното раководство секој ден се противат на сè што води кон економски раст и подобар животен стандард.
Секој ден се противат на нешто и најавуваат блокади. Филипче вели дека СДСМ ќе го блокира отворањето на нови рудници. СДСМ е и против нови индустрии и дата-центри, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Исто така, секој ден вели дека нема да дозволи распродажба на Македонија, а токму Зоран Заев даде сè што можеше да даде, и со речникот на Филипче, распродаде.
Со речиси секојдневните јавни настапи Филипче изгледа очајно, а очигледно има една цел, да се задржи на политичката сцена и ништо повеќе, бидејќи партијата му е во изумирање.
Со ова Филипче покажува дека нема капацитет разумно да расудува и да размислува.
А има само еден факт и тој е јасен – токму криминалите и распродажбата на државата го сместија СДСМ во длабока опозиција.

