Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Планинско-велосипедски настан „Сите уф Серменин“ викендов ќе се одржи во Гевгелија

Велосипедскиот клуб „Гевгелија точак клуб“ викендов го организира планинско-велосипедскиот настан „Сите уф…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Велосипедскиот клуб „Гевгелија точак клуб“ викендов го организира планинско-велосипедскиот настан „Сите уф Серменин“. Како што најавуваат организаторите, дводневниот настан кој ќе се случува на падините на планината Кожуф, во гевгелиското село Серменин, предвидува кампување, велосипедска тура, заеднички ручек и музичка програма.

Програмата започнува утре од 15 часот, со поставување на шаторите, а од 20 часот е закажан музичкиот дел. Во недела во 8 часот е пристигнувањето на учесниците кои се пријавиле за велосипедската тура, која почнува од 9 часот. Од 15 часот е заедничкиот ручек и забавниот дел од програмата. Организаторите ги повикуваат сите љубители на природата да учествуваат во настанот.

-Не мора да сте велосипедист за да бидете дел од манифестацијата. Заедно со пријателите или семејството може да се учествува на добра журка, кампување и уживање во природата на Кожув, се вели во информацијата од „Гевгелија точак клуб“.

Реклама

Серменин е едно од постарите села во околината на Гевгелија, кое е познато и како воздушна бања, поради чистиот воздух, боровата шума и ниската влажност на воздухот. Во селото можат да се посетат црквата „Св. Ѓорѓи“, водопадот „Вера“, како и манастирот „Св. Илија“, кој е лоциран по патеката на велосипедските тури.