Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

„Прво лице еднина“ гостуваше на меѓународниот фестивал „The Parade of Winners“ во Улан Батор

– Монодрамата „Прво лице еднина“, во која игра актерката од Театар Куманово,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Монодрамата „Прво лице еднина“, во која игра актерката од Театар Куманово, Владанка Крстевски, во режија на Драгана Гунин беше претставена на десеттото издание на Меѓународниот фестивал „The Parade of Winners“ во Улан Батор, Монголија.

-Многу значи учеството на овој фестивал. Особено затоа што ова не беше само гостување, туку средба со публика од друг крај на светот. А, најубаво беше што публиката феноменално ја доживеа претставата. Во тие моменти сфаќате дека добрата приказна навистина не познава граници- вели Крстевски.

„Прво лице еднина“ е монодрама во која Крстевски е единствениот актер на сцената, што, како што потенцира, носи специфичен и исклучително личен предизвик.

Реклама

-Монодрамата е сурово искрена. На сцената сте сами и немате каде да се скриете. Но, во Улан Батор почувствував дека не сум сама. Публиката беше со мене од првиот до последниот момент. Таа енергија беше неверојатна и ми даде дополнителна сила- вели актерката.

Приказната зборува за човекот, неговите слабости, стравови и потребата да биде виден и разбран. При изведбата публиката реагирала, чувствувала се смеела, тишината во салата била неверојатна, што за актерката е силен доказ дека емоцијата не бара превод. Актерката вели дека токму интимноста на приказната овозможила таа да биде разбрана и од публика која нема претходно познавање на македонскиот културен контекст. На фестивалот актерката разменила искуства со колеги и автори од различни земји, што за неа претставува дополнителна вредност на ваквите меѓународни гостувања.

-Прекрасно е да гледате како уметници од различни земји зборуваат различни јазици, а сепак на сцената се разбираат без проблем. Фестивалите нè отвораат кон светот. А, настапот на „Прво лице еднина“ ми покажа дека македонската приказна може да стигне многу далеку и да допре публика која е културно и географски толку далеку од нас- вели Крстевски.

За актерката од Куманово, гостувањето во Улан Батор е искуство што останува и по враќањето дома, преку средбите со публиката, аплаузот и чувството дека една лична приказна стигнала до луѓе кои претходно не ја познавале. Со монодрамата, Крстевски летово настапуваше во Приштина на „Моноакт“ Фестивал каде освои награда за најдобра актерка, и на фестивалот „Дулцинеа“ во Улцињ.