Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Митева: Посетата на САД е значајна за продлабочување на партнерството и нови инвестиции

Марија Митева, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, дискутираше за посетата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Марија Митева, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, дискутираше за посетата на македонската делегација на Њујорк и истакна дека средбите се значајни за продлабочување на партнерските односи и создавање услови за идни инвестиции и економска соработка и оцени дека земјата се гледа како сериозен партнер од страна на САД и дека Владата, преку дипломатските активности, работи на градење пријателски односи и отворање нови можности на политички и економски план, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа посета се реализираше на три нивоа, едната е во Вашингтон, другата е во Њујорк и едната е со бизнис заедницата и да не заборавиме македонската дијаспора којашто не паметам дали некогаш некој од СДСМ ја посетил. Во Вашингтон имавме средби со конгресмени, во Њујорк имавме средба со заменик државен секретар каде што навистина присуствуваа луѓе коишто се од стејт департментот и коишто работат за Балканот и за регионот. Битно е дали имаме политичка присутност, дали сме една од земјите коишто САД ја гледаат како сериозен партнер, сме, дали се обидувавме да градиме пријателство и да овозможиме идни инвестиции и на економски план да, и дали оваа Влада работи чесно во делот на дипломатските односи, со сигурност да“, рече Митева.

Во врска со блокадите на Македонија на евроинтегративниот пат, Митева истакна дека актуелната состојба е резултат на погрешни политики од претходната власт и посочи дека треба да продолжи дијалогот, да се презентираат позициите на државата и граѓаните и да се бара решение со кое Македонија ќе може да продолжи кон членство во Европската Унија заштитувајќи ги националните интереси.

Реклама

„Пред само четири години правевте штета на македонските интереси и штета на патот на Македонија кон Европската Унија така што вашата лицемерна политика ја донесе Македонија до оваа фаза да вие велите не можеме ништо да видиме, слушаме само дека имаме услов, да имаме услов поради вашите погрешни политики. Но ние сме политичари кои се свесни дека мора да направат нешто да помогнат во решавање на овој процес со заштита на македонските национални интереси и заради тоа ќе продолжиме континуирано да бараме дијалог, да ги презентираме нашите позиции и позициите на граѓаните коишто велат дека не се подготвени за такви отстапки, да бараме начин како Македонија конечно да биде дел од европското семејство“, децидна е Митева.