Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Пехчево оди напред со конкретни проекти и инвестиции во улици и локални патишта, санација на дивите депонии, подобрување на канализациската и водоводната инфраструктура

Општина Пехчево продолжува со реализација на значајни проекти насочени кон подобрување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Пехчево продолжува со реализација на значајни проекти насочени кон подобрување на инфраструктурата, јавните услуги и условите за живот на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во изминатиот период се реконструирани и изградени повеќе улици и локални патишта во Пехчево и населените места, меѓу кои улицата „Индустриска“, патиштата Чифлик–Умлена и Умлена–Робово, како и повеќе улици во Чифлик, Робово, Умлена и Црник.  

Во тек е реконструкцијата на улицата „Илинденска“ со краците „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“, а се работи и на инфраструктурата во индустриската зона „Чуката“.

Реклама

Инвестициите во Пехчево продолжуваат и во јавните објекти каде реконструирани се културните домови во Црник и Панчарево, спортската сала „Јане Сандански“, општинската зграда, детската градинка „7 Септември“ и други објекти.

Пехчево вложува и во чиста и уредна животна средина. Реализирани се активности за санација на диви депонии, уредување на градската депонија, подобрување на канализациската и водоводната инфраструктура, како и уредување на јавни површини.

Посебно внимание се посветува на младите, спортот, културата и семејствата. Општината продолжува со поддршка на спортските клубови, Локалниот младински совет, културните манифестации, учениците и најмладите.

Пехчево чекори напред  со конкретни проекти, одговорна работа и инвестиции во иднината. Локалната самоуправа во Пехчево работи на подобри услови за живот и развој за сите граѓани на Општина Пехчево.