Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Втора работна сесија на 25. Мешовит парламентарен комитет ЕУ – Македонија

Во Собранието денеска ќе се одржи Втората работна сесија на 25. Мешовит…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе се одржи Втората работна сесија на 25. Мешовит парламентарен комитет ЕУ – Македонија.

Во рамките на вчерашниот ден беше отворен состанокот на 25. Мешовит парламентарен комитет ЕУ – Македонија, со копретседавачите, пратеничката Иванка Василевска и европратеникот Карло Реслер.

Василевска, отворајќи го состанокот, изрази благодарност до европратениците за континуираната и недвосмислена поддршка на процесот на проширување на Европската Унија.  

Реклама

​Василевска повтори дека ЕП позитивно ги оценува постигнатите реформски чекори, стабилноста на меѓуетничките односи и високото ниво на усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија препознавајќи нè како кредибилен и сигурен партнер на НАТО и на Унијата, вклучително и преку нашето учество во мисиите и операциите на Унијата.

Таа истакна дека сме свесни дека како земја кандидат имаме јасна одговорност доследно да ги спроведуваме неопходните реформи и континуирано да ги усогласуваме нашите политики со европските стандарди и вредности, особено во областите на енергетиката, транспортот, трговијата, одбраната и безбедноста.  

​- Но кредибилитетот на процесот на пристапување се темели на заемна доверба и исполнување на обврските од двете страни. Затоа е од особено значење постигнатиот напредок на земјите кандидати да биде соодветно препознаен и вреднуван, а европската политика на проширување да остане предвидлива и конзистентна. Само преку таков пристап можеме да обезбедиме одржлив реформски процес, да ја зацврстиме европската перспектива на земјите кандидати и истовремено да придонесеме кон посилна, побединa и поотпорна Европска Унија, способна поефикасно да одговори на предизвиците на глобалната конкуренција – нагласи Василевска.

Таа оцени дека одложувањето на процесот на проширување може да влијае врз европската позиција и присуството во регионот, особено во услови на зголемена конкуренција на влијанија. ​Оттука, рече, важно е проширувањето да остане кредибилен, предвидлив и динамичен процес заснован на заслуги.

Карло Реслер рече дека земјава несомнено припаѓа во европското семејство. – Но исто така ни е јасно колку е долг и фрустрирачки овој пат кон евроинтеграциите за вашата земја. Сакаме да бидеме рамо до рамо со вас како Европски парламент, со вашите граѓани и со колегите во Собранието, истакна Реслер.

Пратениците вчера го усвоија записникот од 24. состанок на Мешовитиот комитет, што се одржа на 26 и 27 ноември 2025 година во Стрзбур.