Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Јавна дискусија „Западен Балкан во поредок што се менува: проширување, идентитет и демократски иднини“

– Јавна дискусија на тема „Западен Балкан во поредок што се менува:…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Јавна дискусија на тема „Западен Балкан во поредок што се менува: проширување, идентитет и демократски иднини“ ќе се одржи денеска во организација на Претседателскиот центар „Стево Пендаровски“.

Дискусијата ќе ја отвори поранешниот претседател на Стево Пендаровски.  Воведни излагања ќе имаат Борис Буден, културолог и писател,  Јоанис Армаколас, вонреден професор на Универзитетот „Македонија“ и истражувач во Хеленската фондација за европска и надворешна политика (ЕЛИАМЕП) и Александар Спасов од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Разговорот, како што се наведува во најавата, ќе ја разгледа поврзаноста меѓу геополитичките околности и прашањата на идентитетот, како и условите неопходни за надминување на ризиците од стабилократија и авторитарни тенденции и за унапредување на демократската консолидација на регионот, заснована на европската перспектива. По воведните излагања ќе следува сесија со прашања и одговори, со завршни осврти на говорниците.

Реклама

Настанот се организира во соработка со Фондациите Отворено општество – Западен Балкан, Фондацијата „Фридрих Еберт“, и Фондацијата „Зоран Ѓинѓиќ“.