Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Сиљановска-Давкова прими претставнички на Центарот за управување со промени – ЦУП

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставнички на Центарот за управување со промени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставнички на Центарот за управување со промени – ЦУП, предводени од извршната директорка Неда Малеска-Сачмароска.

Претставничките на ЦУП, најпрво ја запознаа со причините и целите на нивната иницијатива за овозможување бесплатен пристап до електронските изданија на законите и другите прописи во „Службен весник“ за сите заинтересирани, убедени дека само информиран граѓанин може да биде критичен и активен субјект, соопшти кабинетот на претседателката.    

Потем, директорката ја информира дека Центарот, по темелни истражувања, подготвил два документа во коишто се  анализираат правните и финансиските аспекти на отворениот пристап до online изданието на весникот. 

Реклама

Документите, истакна таа, меѓу другото, нудат и компаративни податоци за искуствата на повеќе европски земји, коишто јасно ги покажуваат бенефитите од достапноста до нивните службени гласила.  

Претседателката ја поздрави идејата за непречен пристап до тековните електронски изданија како демократска, логична и корисна во градењето рамноправно, информирано и активно граѓанство. За неа, достапноста на „Службен весник“ не е само технички модус, туку прашање од значење за демократијата и владеењето на правото.

Имајќи предвид дека и нашиот Устав, како и многу други, го гарантира слободниот пристап до информациите, односно слободното примање и пренесување на информациите, соговорничките се согласија дека воспоставување бесплатен пристап до тековните изданија на „Службен весник“, со сигурност ќе има позитивни импликации врз транспарентноста на процесот на одлучување, институционалната и лична одговорност и правната сигурност на граѓаните.

Сиљановска-Давкова, во оваа насока оцени дека ваквите иницијативи се значаен чекор и придонес кон унапредувањето на јавните политики, особено кога се поткрепени со правна и финансиска анализа, како и со конкретни препораки. 

Таа верува дека, во понатамашниот процес, низ широка дебата треба да се разгледаат сите правни, институционални, финансиски и технички аспекти на проектот, во потрага по добро, применливо, одржливо и долгорочно решение, стои во соопштението.