Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет: Политиката на проширување да остане предвидлива, само така може да се обезбеди одржлив реформски процес

Јасно е дека Македонија несомнено припаѓа во европското семејство. Но исто така…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јасно е дека Македонија несомнено припаѓа во европското семејство. Но исто така ни е јасно колку е долг и фрустрирачки овој пат кон евроинтеграциите за вашата земја. Сакаме да бидеме рамо до рамо со вас како Европски парламент, со вашите граѓани и со колегите во Собранието, изјави европратеникот Карло Реслер, кој е ко-претседавач со Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија, на отворањето на првата сесија во Собранието.

-Европскиот парламент од лани има подрачна канцеларија за Западен Балкан во Тирана. Таа служба работи со парламентите и другите чинители во сите шест земји во регионот. Сметам дека и ова е важен знак за важноста за Европскиот парламент на земјите од регионот – рече Реслер. 

Тој рече дека овој дијалог е важен на сите нивоа – меѓу политички партии, меѓу етнички заедници, со граѓанското општество, соседите, европските партнери и особено за оние прашања кои се клучни за сите нас и оти се теми од заеднички интерес коишто ја дефинираат нашата заедничка европска иднина.

Реклама

Ко-претседавачот со Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија, Иванка Василевска, отворајќи го состанокот, изрази благодарност до европратениците за континуираната и недвосмислена поддршка на процесот на проширување на Европската Унија.  

null

​-​​Усвојувањето на резолуцијата за извештајот на Европската комисија за земјава за 2025 година со убедливо мнозинство од 411 гласа за е уште една потврда за принципиелната поддршка за нашето членство во ЕУ.  Резолуцијата ги препознава ангажманот, широкиот национален и политички консензус за членството во Унијата, како и високото ниво на поддршка од страна на граѓаните што достигнува над 71 процент – посочи таа.  

​Василевска повтори дека ЕП позитивно ги оценува постигнатите реформски чекори, стабилноста на меѓуетничките односи и високото ниво на усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, препознавајќи нè како кредибилен и сигурен партнер на НАТО и на Унијата, вклучително и преку нашето учество во мисиите и операциите на Унијата.  

​Таа потсети дека во изминатиот период постигнавме напредок во понатамошно зајакнување на антикорупциската рамка, владеењето на правото и институционалните капацитети, вклучително и преку измените на Кривичниот законик, подготовката на сеопфатната реформа и нова стратегија за спречување на корупцијата, како и преку напорите на Државната комисија за спречување на корупција за понатамошно зајакнување на јавната доверба во институциите.  

Василевска повтори и дека Собранието продолжи со пополнување на раководните и членските позиции во повеќе независни институции, додека Владата продолжи да ја продлабочува соработката со граѓанското општество, потврдувајќи ја определбата за инклузивен и транспарентен реформски процес.  

Таа истакна дека сме свесни дека како земја-кандидат имаме јасна одговорност доследно да ги спроведуваме неопходните реформи и континуирано да ги усогласуваме нашите политики со европските стандарди и вредности, особено во областите на енергетиката, транспортот, трговијата, одбраната и безбедноста.  

​-Но, кредибилитетот на процесот на пристапување се темели на заемна доверба и исполнување на обврските од двете страни. Затоа, е од особено значење постигнатиот напредок на земјите кандидати да биде соодветно препознаен и вреднуван, а европската политика на проширување да остане предвидлива и конзистентна. Само преку таков пристап можеме да обезбедиме одржлив реформски процес, да ја зацврстиме европската перспектива на земјите кандидати и истовремено да придонесеме кон посилна, побединa и поотпорна Европска Унија, способна поефикасно да одговори на предизвиците на глобалната конкуренција – нагласи Василевска.

null

Таа оцени дека во услови на нови безбедносни предизвици, вооружени конфликти, енергетска несигурност, миграциски притисоци, климатски промени, сајбер закани, дезинформации и забрзан технолошки развој, процесот на проширување добива сè поголемо стратешко и геополитичко значење.  

​-Неговото одложување може да влијае врз европската позиција и присуството во регионот, особено во услови на зголемена конкуренција на влијанија.  ​Оттука, важно е проширувањето да остане кредибилен, предвидлив и динамичен процес заснован на заслуги.  На тој начин може да придонесе не само кон европската перспектива на земјите-кандидати и идни членки, туку и кон изградба на посилна, постабилна, побезбедна и поотпорна Европска Унија – рече Василевска. 

Евроамбасадорот Михалис Рокас го поздрави фактот дека Македонија одржува целосна усогласеност со надворешната и безбедносната политика, вклучително и руската воена агресија против Украина, и е активен НАТО член. 

-Има напредок на Реформската агенда и планот за раст и Македонија е меѓу најдобрите. Тоа се случува со поддршка на Собранието, вклучително со усвојување на потребните закони. Наша политичка цел останува да се отворат преговорите за Кластерот Темели, штом се исполнат критериумите усвоени од Советот. И знаете дека тоа значи прво и пред сè дополнување на Бугарите во Уставот. И потребна е поддршката на Собранието во тој поглед. Собранието е место за дијалог, вклучително и за забрзани ЕУ реформи. Сите сили треба да се здружат во интерес на граѓаните. И докажавте дека тоа е можно — летово се усвоија закони со двотретинско мнозинство, како на пример за Граѓанската постапка и Законот за судовите – рече Рокас.

Рокас додаде дека владеењето на правото, правосудството, борбата против корупцијата остануваат во фокусот. Според него, важно е целосно да се примени законодавството за фундаменталните права, да се зајакне слободата на изразување, структурните предизвици за животната средина. Тој истакна дека одредбите за злоупотреби на дигитализацијата вклучително и на вештачка интелигенција, треба да се регулираат законски, а според него, не се следат доволно нападите врз новинарите.  

Собранието усвои нов закон за Обвинителски и Судски совет, со што се адресираат препораките, но имплементацијата за правосудни реформи 2024-2028 треба да се заврши. 

​-Спречување на корупција и конфликт на интерес е исто така закон што треба веднаш да се усвои. Спроведувањето на законите треба да се темели на закони усогласени со тие на ЕУ и меѓународни стандарди. Кривичниот законик треба да се приспособи. Дијалогот со граѓанското општество е подобрен, но сепак има простор за натамошно инволвирање и вклученост – рече Рокас.  

null

Тој нагласи и дека треба да се усвои Стратегија за менаџирање со отпадот, што директно влијае врз здравјето на граѓаните и животната средина.

​-Транспортни мрежи, енергија и поврзаност, има различно темпо на напредок. Се работи на Коридорот 8 и 10, на нафтоводот од Солун до Скопје се работи веќе, во 2027 ќе работи и интерконекторот, тоа е за поздравување. Тоа се конкретни области каде што добрососедските односи имаат директна економска корист за сите страни – додаде Рокас.  

Ирскиот амбасадор Брендан Вард, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, рече дека ​Советот на ЕУ го гледа проширувањето како витална геостратешка инвестиција.

​-Целосната согласност со заедничката надворешна безбедносна политика покажува јасна стратешка посветеност кон ЕУ ​и е ​импресивно нешто во споредба со други земји од регионот. Македонија неодамна влезе во Економскиот и социјален совет на ОН, активно е вклучена во мултилатералните и регионалните иницијативи и е конструктивно вклучена на глобалната сцена и во регионот – рече Вард.  

Тој го поздрави фактот што за Владата интеграцијата во ЕУ останува стратешка цел. Според него, освен уставните измени, ќе треба да се забрза и спроведувањето на клучни реформи поврзани со ЕУ, како и да се задржи еланот во клучни области, како што е владеење на правото.  

-Ќе завршам со тоа што ќе повторам дека со нетрпение очекуваме Македонија да ги преземе дејствата што ќе овозможат понатамошен напредок во пристапувањето. Ги поттикнуваме сите партии во Парламентот да работат на меѓупартиски консензус за да има заеднички фокус и да се преземат конкретните чекори потребни за напредок во процесот на пристапување – рече Вард.