Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Муцунски во Њујорк се сретна со специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс

Стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан, актуелните регионални предизвици, како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан, актуелните регионални предизвици, како и натамошното продлабочување на односите меѓу двете земји во рамките на стратешкото партнерство биле теми на разговор на денешната средба во Њујорк на министерот за надворешна работа и надворешна трговија Тимчо Муцунски со специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс.

-Попладнево во Њујорк, на маргините на #UNGA2026, остварив средба со специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс Во фокусот на разговорите беа стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан, актуелните регионални предизвици, како и натамошното продлабочување на односите меѓу двете земји во рамките на стратешкото партнерство – објави Муцунски на Фејсбук.

Посебен акцент бил ставен на реформските процеси, јакнењето на демократските институции, владеењето на правото, сојузништвото во НАТО и заедничкиот придонес кон европската и евроатлантската безбедност.

Реклама

-Разговаравме и за економската соработка, конкретните проекти преку партнерството „влада со влада“ и иницијативите од Берлинскиот процес за поголема регионална поврзаност и економски развој – нагласи Муцунски.