Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Безбедноста во ерата на вештачката интелигенција во фокусот на конференцијата во Охрид

„Мораме да сме во чекор со времето во делот на примената на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Мораме да сме во чекор со времето во делот на примената на нови и нови технологии, но мораме да сме во чекор со времето и во однос на одговорот на предизвиците кои што ги имаме“, порача министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на отворањето на 17. Меѓународна научна конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“ што од денеска се одржува во Охрид.

На дводневниот научен собир организиран од Факултетот за безбедност во Скопје, со поддршка на Министерството за внатрешни работи, учествуваат претставници на академската и научната заедница, безбедносните институции и јавниот сектор, истражувачи и практичари од земјава, регионот и пошироко.

Тошковски пред учесниците посочи дека вештачката интелигенција, хибридните закани и современите технологии претставуваат значаен предизвик за безбедносните институции и нагласи дека институционалниот одговор мора да се развива паралелно со технолошкиот напредок.

Реклама

– Вештачката интелигенција, хибридните закани, сите оние предизвици кои што ги имаме со текот на оваа современа технологија која што ја имаме секој ден, се особен предизвик како од аспект на институционален одговор, рече Тошковски.

Тој информира дека МВР во текот на оваа година ќе започне со примена на одредени технологии кои во себе содржат дигитални алатки и вештачка интелигенција, посочувајќи дека имплементацијата на започнатите проекти е насочена кон подобрување на работата на Министерството.

Тошковски ја истакна и важноста од соработката меѓу Факултетот за безбедност, универзитетите, институциите од безбедносниот сектор и другите надлежни институции, оценувајќи дека со заедничка работа може да се постигнат подобри резултати.

Тој се осврна и на повторното воведување на средното полициско училиште, посочувајќи дека проектот е реализиран со поддршка и соработка со Министерството за образование и наука, Факултетот за безбедност и експерти и професори од областа.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, од своја страна истакна дека образовниот систем што опфаќа околу 250 илјади ученици и над 50 илјади студенти треба да ги насочи кон правилна примена на новите технологии, но и да бидат заштитени од потенцијалните ризици.

– Во оваа нова ера се соочуваме со три клучни предизвици: проширени кибер-закани, дезинформации и заштита на приватноста, рече Јаневска.

Таа посочи дека колку е попаметна инфраструктурата, толку е поголема површината за напад, а кибер-нападите веќе не се насочени само кон поединечни системи, туку можат да го загрозат функционирањето на цели градови и системи во различни области.

Според Јаневска, развојот на генеративната вештачка интелигенција ја прави манипулацијата со информации поефикасна, што може да влијае врз социјалната кохезија и довербата во институциите.

Таа нагласи дека МОН не може самостојно да ги заштити учениците и студентите од ризиците на паметните технологии и затоа има координиран пристап со МВР, Министерството за дигитална трансформација и академската заедница.

Јаневска посочи дека се поддржува модернизацијата на студиските програми на факултетите за безбедност и информатика, се вложува во научноистражувачки проекти од национален интерес, а со поддршка на надлежните институции е обновено и средното полициско училиште.

Професорот Никола Дујоски од Факултетот за безбедност рече дека основната цел на конференцијата е подлабоко да се дискутира за заканите што ги носат вештачката интелигенција и дигиталната ера и да се изнајдат препораки за институциите подобро да се подготват за натамошниот развој и користење на вештачката интелигенција во општеството.

– Доколку успееме да препознаеме некои нови начини на загрозување на безбедноста и истите соодветно да ги разработиме, значи дека сме ја постигнале целта на конференцијата, рече Дујоски.

Тој посочи дека на конференцијата учествуваат претставници на голем број институции од повеќе земји од Европа и од други континенти, со што, како што рече, се очекува размена на искуства кои би можеле да бидат применливи и во Македонија.

Посебен акцент на конференцијата е ставен на кибер-безбедноста и дигиталната отпорност, хибридните закани и информациската безбедност, заштитата на критичната инфраструктура, етичките и правните аспекти на новите технологии, како и градењето отпорни општества и унапредувањето на регионалната и меѓународната соработка.

Во рамки на собирот ќе бидат презентирани 73 научни трудови од областа на полициското работење и новите технологии, паметниот сообраќај и урбаната мобилност, глобалната безбедност и меѓународната соработка, етиката, правото и дигиталната отпорност, како и хибридните закани и информациската безбедност…

Преку научни излагања, тематски дискусии и размена на искуства, конференцијата има цел да придонесе кон продлабочување на соработката меѓу академската заедница, институциите и практичарите и кон развивање современи пристапи за справување со безбедносните ризици и предизвици во пресрет на 2030 година.