Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Николоски: Од март следната година нова авиолинија Дубаи -Скопје, преговараме и за поврзување на Охрид со еден од аеродромите во ОАЕ

Од почетокот на месец март следната година, ќе се лета директно од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од почетокот на месец март следната година, ќе се лета директно од Дубаи за Скопје. Преговараме и за поврзување на Охрид со еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати. Ова поврзување ќе донесе многу за туризмот и за бизнисот, одговори денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на пратеничко прашање во Собранието.

Тој потенцира дека ова е договорено на средбата со амбасадорот на ОАЕ во Македонија, што се одржа токму денеска во Собранието.

-Она што сакам да го објавам после денешната средба со амбасадорот е дека имавме конкретна работа за која што зборувавме, а тоа е директно авионско поврзување помеѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати, што многу ќе придонесе за развојот на туризмот и на бизнисот помеѓу двете држави. Се договоривме дека со почетокот на новата сезона на летање, односно од март месец 2027 година, ќе се лета директно од Дубаи за Скопје. Значи ќе имаме директен авионски лет којшто ќе лета Дубаи – Скопје. Тоа е веќе договорено и Flydubai ќе почне во март 2027 година, значи за некои 6 месеци од денес, да лета директно од Дубаи до Скопје, што многу ќе придонесе за зголемување на туризмот и тоа во оној период којшто во Македонија е вонсезонски, односно во период којшто е надвор од летото – нагласи Николоски

Реклама

Тој додаде дека се уште се разговара и оти е многу извесно дека ќе се постигне договор за директен лет помеѓу еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати до Охрид, што, како што истакна, многу ќе придонесе за развојот на туризмот. 

Николоски додаде дека овие конкретни договори се резултат на владината посета на ОАЕ предводена од премиерт Мицкоски. 

-На тие средби со премиерот Мицкоски и шеикот Мохамед бин Зајед, договоривме неколку значајни работи за меѓусебната соработка. 
​Првата е веќе реализирана, тоа е безвизен режим, односно веќе помеѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати се патува без визи, што е многу значајно, особено во делот на туризмот и размена на бизнисот.  ​Исто така разговараме за потенцијални инвестиции. Доста македонски компании веќе почнуваат да извзуваат во Обединетите Арапски Емирати како место коешто станува центар во моментов на она што се вика претставување, пред сè во делот на саемите, коишто се селат од Западна Европа кон Обединетите Арапски Емирати. Скоро и да немате поголема индустрија којашто својот годишен саем не го има веќе префрлено во Обединетите Арапски Емирати, без разлика дали е Абу Даби, дали е Шарџа, дали е Дубаи или некое друго место – одговори Николоски.