Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Плевнеш на академската церемонија на Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра

Претседателот на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима и македонски писател со светско реноме,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима и македонски писател со светско реноме, Јордан Плевнеш беше специјален гостин на акдемската церемонија на Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра, на која што беше избран новиот ректор Франтишек Петрович.

Како што е познато, меѓу двата универзитети има доллгогодишна соработка и размена на професори и студенти во областа на аудиовизуелните уметности.

Во присуство на голем број претставници од светски и европски високобразовни институции и видни личности од јавниот и културниот домен, како и од дипломатскиот кор, на овој настан посебно значење и беше оддадено на вековната поврзаност меѓу Словачка и Македонија, од времето на Моравската мисија на Св. Кирил и Методиј, преку Охридската книжевна школа на хуманизмот што ја продолжија нивните ученици Св. Климент и Св. Наум, до бројните актуелни релации во науката, образованието и културата.

Реклама

Познатиот европски теолог, Вилијам Јудак, бискуп на Катедралата во Нитра и голем пријател на Македонија му упати покана на Јордан Плевнеш да биде гостин на фестивалот „Денови на Кирилометодијевската меморија“ со неговата драма „Кирил и Методиј Who are you?“, која во превод на словачки од страна на проф. д-р Звонко Таневски ќе ја објави „Матица Словачка“.

Во контекст на историската поврзаност на Нитра и Охрид, како центри на сесловенската култура и писменост, во Катедралата во Нитра, во која прв словенски Епископ бил Св. Методиј, на Плевнеш му беше укажана честа да ги допре реликвиите на Св.Кирил – Константин филозоф, за да продолжи нивната визија за цивилзацијата на љубовта и носталгија по единството, поради која беа прогласени за заштитници на Европа 11 векови по нивната бесмртна мисија, која и денес е ненадмината и за целото Словенство и за целиот свет.