Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Македонија

Општинската организација на Црвениот крст Велес одбележа 30 години промоција на хуманите вредности

Неделата на промоција на хумани вредности, која годинава се одбележува од 21…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неделата на промоција на хумани вредности, која годинава се одбележува од 21 до 27 септември, а под мотото 30 години промоција на хумани вредности на локално ниво беше заокружена со свеченост на Општинската организација на Црвениот крст Велес во Европската куќа во Велес, а на која говореа млади хуманисти и им беа доделени и благодарници за нивниот ангажман и придонес во реализација на проектите на заедницата, информира денеска Орце Николов секретар на Општинската организација на Црвен крст Велес.

Во рамките на настанот се одржала и панел дискусија на која Пенчо Андреев, Сара Јовчевска и Амела Ализотова споделиле свои искуства, сеќавања и приказни поврзани со ПХВ програмата и нејзиното значење за младите.

На 30 млади волонтери кои учествуваа во овогодинешниот ПХВ циклус им биле доделени благодарници за нивниот ангажман и придонес во реализацијата на проектите во заедницата.

Реклама

– Триесет години ПХВ на локално ниво се три децении исполнети со идеи, млади луѓе и проекти кои оставаат трага во заедницата. Тоа е нашата најважна мисија и затоа и понатаму продолжуваме да работиме на тој план, а со цел ширење на хуманите вредности меѓу нашите млади активисти на Црвениот крст и нивна спроведување во акција на терен, потенцира Николов.