Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Гаши се сретна со европратениците од Мешовитиот парламентарен комитет

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се сретна со европратениците кои учествуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се сретна со европратениците кои учествуваат на 25. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет (МПК) Македонија – Европска Унија, кој денеска и утре се одржува во Собранието.

Во отсуство на хрватскиот европратеник Карло Реслер, кој заедно со македонската пратеничка Иванка Василевска е копретседавач со МПК Македонија – Европска Унија, Делегацијата од Европскиот парламент ја предводеше бугарскиот европратеник Ивајло Валчев, кој е втор копретседавач од страната на ЕУ. Во делегацијата составена од седум европратеници е и пратеникот Томас Вајц, кој е известител за Македонија во Европскиот парламент. Европратеникот и копретседавач Реслер се очекува да пристигне на самиот почеток на заедничкиот состанок на МПК, соопшти собраниската прес-служба.

На средбата европратениците покажаа интерес за процесите што се одвиваат во Собранието, во однос на унапредување на транспарентноста, соработката со граѓанскиот сектор, како и отвореноста на Собранието за граѓаните, при што беше истакнато дека претставниците од граѓанскиот сектор во земјава даваат позитивна оценка за работата на Собранието во оваа насока.

Реклама

Гаши нагласи дека последниве години, со поддршка на нашите меѓународни пријатели, е направен значаен исчекор во делот на транспарентноста и отвореноста на Собранието.

На состанокот се разговараше за повеќе прашања, вклучително и за реформската агенда, особено во однос на реформите во администрацијата, правниот систем, како и регионалната и транспортната поврзаност. Притоа, единствен беше ставот дека мора заеднички да работиме на јакнење на меѓусебната доверба, особено кај граѓаните, бидејќи тоа е клучно во текот на евроинтегративниот пат на секоја држава.

Гаши посака успешна и продуктивна работа на состанокот на МПК и изрази уверување дека преку конструктивен дијалог може да се надминат сите предизвици, стои во соопштението.