Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Пензиите во Македонија ќе се зголемат за 3 отсто

Добра вест за пензионерите. Зголемувањето на пензиите за септември ќе изнесува 3…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Добра вест за пензионерите. Зголемувањето на пензиите за септември ќе изнесува 3 отсто, потврди директорот на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов. Зголемувањето на пензиите овојпат ќе се врши согласно законското решение и нема да има линеарно зголемување, како што бараше дел од пензионерите.

Доколку пензионер прима пензија од 20.000 денари, со зголемувањето неговата пензија ќе биде повисока за 600 денари.

Новите износи се очекува да се применат при исплатата на пензиите следниот месец. Висината на зголемувањето ќе се утврди со примена на предвидениот процент врз актуелниот износ на пензијата.

Реклама

Во Фондот веќе се вршат пресметките за новите износи, со цел исплатата да се подготви навреме.

Конечниот износ што ќе го добива секој пензионер по зголемувањето ќе зависи од висината на неговата сегашна пензија.

Во текот на последните две години, пензиите во четири наврати беа зголемувани линеарно, за вкупен износ од 7.000 денари.

Минатата година Уставниот суд поведе постапка за оценување на ова прашање, но во март 2026 година ја прекина постапката, откако не беше обезбедено мнозинство за донесување одлука.