Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Ристовски во Баку: Ново поглавје во спортската соработка меѓу Македонија и Азербејџан

Министерот за спорт Борко Ристовски престојува во официјална посета на Азербејџан, каде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за спорт Борко Ристовски престојува во официјална посета на Азербејџан, каде што оствари билатерална средба со министерот за млади и спорт Фарид Гајибов. Во фокусот на средбата беше унапредувањето на односите меѓу двете земји во областа на спортот и создавањето конкретни механизми за долгорочна институционална соработка.

Како резултат на средбата, двете министерства потпишаа Меморандум за разбирање со кој се воспоставува широка рамка за размена на знаења, искуства и добри практики. Соработката ќе опфати спортска медицина, интегритет во спортот, управување со спортски настани, обука и размена на спортски кадри и експерти, адаптивен спорт, спорт за сите, спортски туризам и спорт во образовните институции.

Посебен акцент, информираат од Министерството за спорт, е ставен на поврзувањето на националните спортски организации, учеството на експерти и делегации на спортски настани во двете земји, како и на заеднички активности и размена на искуства во рамките на меѓународните спортски организации.

Реклама

-Со потпишувањето на Меморандумот правиме конкретен чекор кон продлабочување на спортската соработка меѓу Македонија и Азербејџан. Создаваме нови можности за размена на знаења, експерти и искуства и за директно поврзување на нашите спортски организации. Добрата соработка се гради со конкретни чекори. Овој Меморандум е основа за директна, континуирана и практична соработка која треба да создаде нови можности за македонскиот спорт – истакна Ристовски.

Со Меморандумот, Македонија и Азербејџан поставуваат основа досегашните добри односи да прераснат во конкретна и континуирана соработка во спортот, со директни контакти меѓу институциите, федерациите и спортските професионалци.