Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Николовски: Разбиен организиран синџир за шверц на цигари вреден над шест милиони евра, поднесени кривични пријави против 18 физички и три правни лица

Во три од вкупно седум откриени случаи, утврдено е дека шлепери натоварени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во три од вкупно седум откриени случаи, утврдено е дека шлепери натоварени со цигари влегувале во Македонија преку граничен премин Богородица, во транзитна постапка, од кои два биле со крајна дестинација Молдавија, а еден со крајна дестинација во Србија и притоа, наместо транзитот да биде реализиран согласно царинските прописи, цигарите биле нелегално истоварени на територијата на Република Македонија, по што шлеперите ја напуштиле државата преку граничен премин Табановце празни, а во царинскиот систем биле заведени како полни. 

Ова го истакна денеска директорот на Царинската управа Бобан Николовски на прес-конференција по повод истрагата со кодно име „Филтер“, во која Царинската управа, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и во соработка со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност (БЈБ) на МВР, откри организиран систем за шверц на цигари со кој е причинета штета на државниот буџет од над 377 милиони денари, односно над 6,1 милиони евра.

Во преостанатите четири случаи, Николовски информираше дека шлеперите натоварени со цигари влегувале преку граничниот премин Богородица без нивното влегување воопшто да биде евидентирано од страна на царинските и полициските службеници.

Реклама

Тој нагласи дека операцијата опфаќа случаи реализирани во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2024 година, при што во сите седум откриени случаи нелегално се пуштени во слободен промет вкупно 69.350.000 парчиња цигари.

– Во рамки на истата истрага, откриени се и четири случаи во кои шлепери натоварени со цигари влегле преку граничен премин Богородица, но нивното влегување во државата не било евидентирано ниту од страна на царинските, ниту од страна на полициските службеници. Цигарите потоа биле истоварени на територијата на Македонија без соодветно документирање на стоката или ставање во соодветна царинска постапка, како и без плаќање на соодветните давачки утврдени со закон. Количината на цигари во сите седум откриени случаи е вкупно 69.350.000 парчиња цигари кои се нелегално пуштени во слободен промет во државата – посочи Николовски.

Директорот на Царинската управа информираше дека поднесени се кривични пријави против три правни и 18 физички лица, меѓу кои четири царински и три полициски службеници, една шпедиција, една транспортна и една увозна компанија. 

Во раните утрински часови денеска, тој нагласи дека се извршени претреси на 23 локации, при што се приведени 13 лица, меѓу кои четворица цариници, двајца полицајци, двајца возачи и пет други физички лица, додека за три лица кои моментно се надвор од државата е остварен контакт и се очекува да се пријават по враќањето.

Царинската управа, додаде, на 23 септември 2026 година до ОЈО ГОКК поднела кривични пријави за сторени кривични дела „криумчарење“, „царинска измама“, „несовесно работење во служба“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“, „компјутерска измама“, како и за „избегнување на плаќање на акциза“.

– Истрагата јасно покажува дека незаконското постапување не се однесува само на учесниците од страна на економскиот оператор, туку опфаќа и вклученост на службени лица кои согласно своите законски овластувања и работни обврски се обврзани да го спречат токму ваквото незаконско постапување – подвлече Николовски.

Нагласи дека се во тек дополнителни истражни дејствија и дека согласно сознанијата се очекува бројот на опфатени лица и кривични пријави да се зголеми. 

– Со ова пренесуваме порака дека за Царинската управа нема и нема да има недопирливи. Секој за кој ќе се утврди дека ги прекршил законите или ги злоупотребил службените овластувања ќе биде предмет на соодветна постапка пред надлежните институции, без оглед дали станува збор за економски оператор, физичко лице, а особено службено лице –  рече Николовски.

Директорот на Царинската управа посочи дека во рамки на постапката остварена е и значајна меѓународна соработка. За шверцот на цигари, тој рече дека досега само се „шепотело во кулоарите, но никогаш и од никого не се преземале конкретни мерки и чекори“.

– Соодветна помош на наша иницијатива добивме и од царинските управи на Грција и Србија, со што докажуваме дека како Царинска управа на Република Македонија не сме изолирани како институција и на меѓународно ниво и имаме одлична соработка, како што не било случај во минатото. За шверцот со цигари досега само се шепотело во кулоарите, но никогаш и од никого не се преземале конкретни мерки и чекори. Царинската управа денеска покажа како се бранат државните интереси – рече Николовски.