Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Европска недела на спорт во Куманово

Општина Куманово се приклучи кон националната кампања за одбележување на Европска недела…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Куманово се приклучи кон националната кампања за одбележување на Европска недела на спортот, која се реализира од 23.09. до 30.09, годинава, под мотото #BeActive – „Активирај се!“. MOVE MK е национална реализација на Европската недела на спортот (European Week of Sport – EWoS), координирана преку Министерството за спорт на Македонија, со активности насочени кон поттикнување на физичка активност и активно учество на граѓаните. Кампањата се спроведува во повеќе од 40 европски земји.

Целта на кампањата е да поттикне национална мобилизација за активност, започнувајќи од ученици во основни и средни училишта, преку работните места, спортските клубови и приватниот сектор, до отворените простори, парковите и местата за рекреација.

Активностите во рамките на Европска недела на спортот се реализираат во сите 80 општини во земјава. Денеска се вклучија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ и СОУ „Перо Наков“, испраќајќи јасна порака дека спортот е важен дел од здраво и квалитетно секојдневие.