Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Македонија

МЕРМС покровител на Националниот средношколски натпревар за зелени иновации

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска, во рамки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска, во рамки на официјалното отворање на „Европската ноќ на истражувачите“ во МАНУ – Куќата на науката, официјално ја најави поддршката и покровителството на Министерството и нејзино лично како министер за Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации за средните училишта.

Станува збор за натпревар кој речиси две децении ги поттикнува средношколците да размислуваат иновативно и претприемачки и своите идеи да ги претвораат во конкретни решенија за предизвиците на современото општество. Во последните години натпреварот е целосно насочен кон зелените иновации и развојот на вештини потребни за зелената транзиција.

Настанот се одржува во рамки на „Европската ноќ на истражувачите“, иницијатива која ја приближува науката, истражувањето и иновациите до граѓаните, а особено до младите. Токму од ова место, како што велат од МЕРМС, Божиновска испрати порака дека институциите мора да создаваат простор младите идеи да добијат поддршка и можност да се претворат во реални решенија.

Реклама

-Ако сакаме зелена и одржлива иднина, мора да инвестираме во младите кои ќе ја создаваат. Со ова покровителство застануваме зад нивното знаење, креативност и иновативност и испраќаме јасна порака дека нивните идеи се важни и дека институциите се тука да ги поддржат. Тоа е поддршка на знаењето, иновацијата, претприемништвото и храброста на младите да создаваат решенија- порача Божиновска.

Во своето обраќање пред претставниците на МАНУ, истражувачите, професорите и наставниците, министерката истакнa дека токму ваквите иницијативи се мостот меѓу науката, образованието, иновациите и реалните потреби на општеството.

„Европската ноќ на истражувачите“ е можност науката да излезе од лабораториите и академските кругови и да стане поблиска до граѓаните, особено до младите. Во време на брз технолошки развој, вештачка интелигенција и нови технологии, Божиновска нагласи дека технологијата сама по себе не е доволна – потребни се знаење, креативност и одговорност за таа да се претвори во вистинска иновација.

Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации за средните училишта се организира веќе 18 години, а од 2009 година ко-организатори се Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) и Машинскиот факултет – Скопје при УКИМ.

Од 2021 година, во рамки на Машинскиот факултет функционира и Центарот за извонредност за зелени иновации, кој е главен организатор на натпреварот. Натпреварот веќе има и значајно европско признание – ја освои престижната ETF Green Skills Award 2025, во конкуренција на 250 апликации од повеќе од 50 земји.

Оваа година интересот на средношколците е особено значаен. 42 средношколски тимови пријавија свои иновативни зелени решенија, а повеќе од 60 наставници од Скопје, Охрид и Штип учествуваа во обуки поврзани со подготовката на натпреварот.

Со официјалното најавување на покровителството, Божиновска упати повик до средношколците да размислуваат смело, да истражуваат и да создаваат.

-Не треба да се плашите од големите идеи. Истражувајте, експериментирајте и користете го знаењето и новите технологии за да создавате решенија. Можеби токму една идеја која започнува како училишен проект ќе прерасне во иновација, компанија или решение кое еден ден ќе придонесе за почиста енергија, поефикасно користење на ресурсите и подобар живот за сите нас- истакна Божиновска.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со покровителството се приклучува кон иницијативата за поддршка на младите, развој на зелените вештини и создавање нова генерација иноватори, со цел знаењето и креативноста на младите да добијат простор да се претворат во конкретни решенија и нови можности.

Говорејќи за значењето на науката и иновациите, Божиновска истакнa дека енергетската транзиција, енергетската ефикасност, обновливите извори, новите технологии и одржливото користење на ресурсите не се само прашања за институциите.

-Одговорите на овие предизвици ќе ги создаваат токму денешните млади. Затоа тие не треба да бидат само идни учесници во промените – тие треба да бидат нивни активни креатори- истакнa министерката.

Од Министерството нагласуваат дека поддршката на ваквите иницијативи е инвестиција во иднината – затоа што зелената транзиција не е само промена на енергетскиот систем, туку и промена на начинот на кој размислуваме, создаваме и ја градиме економијата.