Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Заклучен Избирачкиот список за изборите за градоначалник во Брвеница

Државната изборна комисија (ДИК) денеска го заклучи Избирачкиот список за изборите за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната изборна комисија (ДИК) денеска го заклучи Избирачкиот список за изборите за градоначалник во Општина Брвеница што ќе се одржат на 18 октомври. 

Како што информираше претседателот на ДИК Бојан Маричиќ на денешната седница, во Избирачкиот список се запишани 16.256 избирачи. Во изводите од Избирачки список се запишани 15.798 избирачи, на привремена работа во странство се 449 гласачи, а во затвор или во притвор се девет избирачи. 

На изборите за градоначалник на Брвеница ќе се гласа за шестмина кандидати. Стојанчо Радически е кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ,  Јовица Радески од Коалицијата предводена од СДСМ за предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница 2026 година, независниот кандидат Душан Богдановски, Јакуп Усеини од Коалиција ВРЕДИ, независната кандидатка Арифе Идризи и Аркин Јахији од Национална алијанса за интеграција (НАИ). 

Реклама

Изборите за градоначалник на Брвеница, собранискиот претседател Африм Гаши ги распиша за 18 октомври, а ќе се одржат откако на 23 јуни 2026 година на 58-годишна возраст почина градоначалникот на оваа општина, Јовица Илиевски.