Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Почина 13-годишното момче кое беше тешко повредено по крвавата пресметка во Чаир.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почина 13-годишното момче кое беше тешко повредено по крвавата пресметка во Чаир. Од КАРИЛ за Алфа потврдуваат дека детето по три недели борба починало вчера како последица на тешките повреди. Случајот започна како пресметка меѓу петмина тинејџери пред три недели во скопски Чаир, каде 13 годишникот веше смртно прободен со нож во срце од страна на негов врсник.  Во притвор, засега е само 19 годишниот брат на осомничениот кој бил и единствен полнолетен учесник во пресметката. Неговиот 13 годишен брат кој повреди уште двајца малолетници е дома. Не може кривично да одговара поради неговата возраст. За него, важи Законот за правда за децата – односно дека дете кое наполнило 14 години не може да биде кривично санкционирано. Наместо кривична санкција, законот предвидува мерки на помош и заштита, согласно најдобриот интерес на детето.

Овој случај го отвара прашања за честото насилство меѓу младите во државава и начинот на кој правосудството се справува со него. Бројките покажуваат дека децата не се надвор од криминалот – врсничкото насилство станува се почеста појава во Македонија. Годинава се регистрирани околу 10-тина инциденти, најчесто во кругот на училиштата. Надлежните сметаат дека треба да се заостри Законот за правда за децата, односно малолетниците да се праќаат во поправно-воспитен дом. Во меѓувреме, МОН заедно со МВР започнаа проект во образовниот систем за рано препознавање на врсничко и семејно насилство.