Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Средба на претседателот на Собранието, Гаши со Делегација на Сенатот на Француската Република

Претседателот на Собранието Африм Гаши, денеска имаше средба со Делегација на Сенатот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието Африм Гаши, денеска имаше средба со Делегација на Сенатот на Француската Република предводена од Марта де Сидрак, сенаторка и претседателка на Групата за пријателство Франција – Западен Балкан. Во составот на Делегацијата беа Арно Базен, сенатор и претседател кој е надлежен за Македонија, Ален Милон, сенатор и претседател кој е надлежен за Косово како и сенаторката Лоранс Арибе, надлежна за Црна Гора.

Претседателот Гаши, информираат од собраниската прес-служба, во името на пратениците и во свое име им се заблагодари на сенаторите за активната заложба на сенаторите за унапредување на односите меѓу двете држави како и за постојаната поддршка што земјата ја добива од Француската Република на својот пат кон членство во Европската Унија.

Сенаторката Марта де Сидрак како и другите сенатори се интересираа за спроведување на потребните реформи на земјата како и за исполнување на сите потребни критериуми за зачленува на земјата во Европската Унија.

Реклама

Претседателот Гаши истакна дека европската интеграција останува наш врвен стратешки приоритет и земјата е цврсто определена да продолжи со реформите и исполнување на европската агенда. Тој ја нагласи потребата за предвидливот на процесот на проширувањето кон Европската Унија и конечно завршување на тој процес. Патот на нашата држава кон зачленување во Европската Унија трае исклучително долго и е многу комплексен.

Сенаторите искажаа големо задоволство за размената на мислење со претседателот Гаши и добивањето на многу јасна слика за напорите и реформите што ги прави земјата како и предизвиците со кои се соочува на тој пат.