Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

MicroBalkans 2026: Како до повеќе и подобри финансиски можности за граѓаните и бизнисите во Западен Балкан

Над 200 претставници на финансискиот сектор, инвеститори, финтек компании и регулатори од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 200 претставници на финансискиот сектор, инвеститори, финтек компании и регулатори од Западен Балкан и Европа денеска во Скопје дебатираат за иднината на кредитирањето, микрофинансирањето и новите модели на финансирање.

На првиот ден од „MicroBalkans 2026 – Lending Reimagined“ се дебатираше за тоа како пристапот до финансии да стане поедноставен, побрз и пофлексибилен за граѓаните и за микро, малите и средните компании, со фокус на дигиталното кредитирање, новите извори на капитал и довербата во финансиските институции во услови на брза технолошка трансформација.

– Финансирањето треба да стигне до оние на кои им е најпотребно, технологијата треба да го направи кредитирањето побрзо, поедноставно и посигурно, подобриот пристап до капитал отвора повеќе можности за малите и средните компании да инвестираат, растат и создаваат нови работни места и иднината на секторот е во подобро, поодговорно и поодржливо кредитирање што создава вредност за граѓаните, бизнисите и економијата, се четирите пораки што беа испратени од првиот ден.

Реклама

– Иднината на кредитирањето не е само да кредитираме повеќе, туку да кредитираме подобро – со технологија, одговорност и поголема доверба кај клиентите – рече Никола Јошевски, претседател на Групацијата на небанкарски финансиски институции при Стопанската комора на Македонија.

Според министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, дигиталната трансформација и финансиската иновација мора да се движат заедно.

– Само со сигурна дигитална инфраструктура, јасни правила и доверба можеме да создадеме побрзи, подостапни и поефикасни финансиски услуги за граѓаните, компаниите и економијата – порача Андоновски.

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески со порака дека треба да се тежнее кон создавање на финансиски систем кој ќе биде отворен за иновации, но притоа и стабилен, одговорен и насочен кон заштита на граѓаните, оти, вели, само така кредитирањето може да стане вистински двигател на економскиот раст, довербата и подобриот пристап до финансиите.

Првиот човек на Стопанската комора Бранко Азески со порака дека на компаниите им се потребни решенија што ќе им овозможат раст, инвестиции и поголема регионална присутност.

– На бизнисот му требаат решенија, а не бариери. Потребен ни е поширок финансиски екосистем што ќе им даде на компаниите поголем избор, поголема флексибилност и повеќе можности – нагласи Азески.

MicroBalkans 2026 продолжува утре со дискусии за регулаторната рамка, дигиталната трансформација, одговорното управување со наплатата и можностите за развој на финансискиот сектор во регионот.