Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Асфалтирани две улици во населеното место Текија во општина Илинден

Во рамки на Програмата за изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локални…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на Програмата за изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локални улици и патишта, Општина Илинден спроведе активности за асфалтирање на две улици во населеното место Текија, во вкупна должина од околу 300 метри, со цел подобрување на условите за движење и пристап на жителите – информираат од Општината.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, извршил увид во асфалтирањето и истакнал дека со реализацијата на овој инфраструктурен проект се подобруваат условите за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, како и пристапноста до домовите и останатите објекти за жителите на ова населено место.

– Општина Илинден во изминатиот период изврши низа проекти за реконструкција и санација на локални улици и патишта, во согласност со утврдените приоритети и потребите на граѓаните од сите населени места – истакнал градоначалникот Георгиевски.

Реклама

Општина Илинден продолжува со реализација на проекти насочени кон унапредување на локалната патна мрежа, подобрување на условите за одвивање на сообраќајот и обезбедување поголема безбедност и пристапност за сите граѓани.