Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Утврдена предлог-одлука за именување претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“

Комисијата за прашања на изборите и именувањата едногласно утврди предлог-одлука за именување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата за прашања на изборите и именувањата едногласно утврди предлог-одлука за именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“. Ова следуваше откако Министерството за образование и наука согласно Законот за државните награди, испратило допис дека бил истечен мандатот на претседателот и членовите на Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“.

Согласно дописот од Министерството за образование и наука, за претседател е предложен академик Живко Попов. За членови се предлагаат Елизабета Илиевска, Драгана Кузмановска, Мерсим Максути, Авзи Мустафа, Христина Рунчева, Зоран Марков, Валентин Мирчевски, Зоран Мисајлески, Филип Поповски, Тошо Арсов, Марко Спасов и Оливер Станков. 

Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски извести дека е повлечен материјалот, предлог-одлука за избор на членови на Советот за граѓански надзор, поднесена до Собранието на 9 јули 2026 година. Повлечен е и материјалот, предлог-кандидат за именување на член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија, поднесен до Собранието на 9 јули 2026 година.

Реклама

– Бидејќи овие материјали се повлечени, ќе се објават два нови огласи, и тоа оглас за членови на Советот за граѓански надзор и оглас за Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги, за управување со комунален отпад на Република Македонија – појасни Сајкоски. 

Комисијата за избори и именувања едногласно ја утврди предлог-одлуката за изменување и дополнување на одлуката за избор на претседатели, заменици на претседатели, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија.

-Врз основа на дописот од координаторот на пратеничката група на ВЛЕН, со оваа предлог-одлука се предлагаат измени и дополнувања во составот на комисиите на Собранието на Македонија и истата е прикачена на е-Парламент – рече Сајкоски.