Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Македонија

Усвоена предлог одлуката за определување на коефициенти за платите на претседателот, пратениците и на функционерите кои ги избира и именува Собранието 

Комисијата за прашања на изборите и именувањата едногласно ја донесе одлуката за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата за прашања на изборите и именувањата едногласно ја донесе одлуката за изменување на одлуката за определување на коефициенти за утврдување на плата на претседателот, на пратениците и на функционерите кои ги избира и именува Собранието. 

– Комисијата за избори и именувања постапи по одлуката на Уставниот суд онака како што беше донесена – рече претседателот Ѓорѓија Сајкоски. 

Со предлог-одлуката се предлагаат измени во членот 1 од одлуката за определување на коефициенти за утврдување на плата. 

Реклама

– Во точка 5: „Претседател на Уставниот суд на Македонија“, коефициентот 2,81 се заменува со коефициент 3,08. Во точка 16: „Судија на Уставен суд на Република Македонија“, коефициентот 2,60 се заменува со коефициент 2,85 – појасни Сајкоски. 

Коефициентите од членот 1 на оваа одлука ќе започнат да се применуваат со исплата на платата од октомври 2026 година. 

– Комисијата за избори и именувања, како надлежна комисија, мора да постапи по одлуката на Уставниот суд на Македонија која беше донесена со, фактички, со суспендирање на дел од Законот за плати и надоместоци на избрани и именувани функционери – подвлече Сајкоски.