Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Примената на алатките на ВИ во истрагите на сајбер-криминал и правното образование во фокусот на Меѓународната научна конференција на штипскиот Правен факултет

„Општествените промени во глобалниот свет“ е темата на дводневната Меѓународната научна конференција,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Општествените промени во глобалниот свет“ е темата на дводневната Меѓународната научна конференција, која веќе 13.години ја организира Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип. Деканката на Правниот факултет при УГД-Штип, Билјана Тодорова истакна дека на конференцијата учествуваат над 100 научници и истражувачи од 15 земји во светот.

-За нас е од особено значење што и оваа година конференцијата е место каде што се среќаваат различни научни области, искуства и се споделуваат различни перспективи-вели Тодорова.

Професорот Кејси Чу од Ендикот Колеџ од САД, кој што зборува за меѓународната соработка во развојот на наставни програми за истраги на сајбер-криминал и за правното образование во ерата на вештачката интелигенција истакна дека вештачката интелигенција може да помогне во обезбедувањето на информации за планирањето на кривичното дело, да се лоцираат лицата од каде дејствуваат, со кого комуницираат, кои се нивните планови, сè она што е со комуникација и разузнавање. На тој начин вештачката интелигенција ја прави истрагата ефикасна.

Реклама

-Како што на почетокот кажав, вештачката интелигенција може да ја насочува кривичната истрага. Не сакаме вештачката интелигенција да ја донесува одлуката во име на човекот за тоа кој ќе биде осомничен и како ќе се води постапката. Секогаш треба последниот да одлучува, а тоа е човекот и сè зависи од одлуката на човечкиот фактор, а не од вештачката интелигенција-вели Чу. 

Универзитетската професорка  Хелга Шпадина од Правниот факултет во Осиек, Хрватска истакна дека мора да се воведат алатките на вештачката интелегенција и во правното образование. Но, како што вели тоа нема да ја намале улогата на наставникот, туку тој во време на вештачката интелегенција е уште позначаен во сферата на образоавнието. 

-Примерите на европската пракса покажуваат зошто ни е важно објаснувањето, интерпретацијата на правните норми и зошто тоа може да го направи само човекот и тој дел не може да де препушти на вештачката интелегенција, вели Шпадина. 

Меѓународната научна конференција на Правниот факултет во Штип се одржува денеска и утре.