Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Македонија

Почна 29-тиот Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија 2026“ во Куманово

Почна 29-тото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово. …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна 29-тото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово.  Во рамки на отворањето на фестивалот на истакнатиот македонски драмски уметник и шоумен Игор Џамбазов му беше доделена наградата „Васил Иљоски“. Џамбазов, заблагодарувајќи се за признанието, истакна дека за него наградата има посебно значење бидејќи го носи името на Васил Иљоски, кого лично го познавал.

– Огромна чест и задоволство ми е да ја добијам наградата што го носи името на човекот кој лично сум го познавал. Дедо Васил и дедо Петре беа другари и починаа во само две недели разлика. Некако ги загубив и двајцата, рече Џамбазов.

Тој потсети на своите театарски почетоци и врската со Куманово, каде што играл во повеќе претстави и остварил пријателства со кумановски актери и театарски работници.

Реклама

– Младите генерации можеби не знаат дека имам можеби сто театарски улоги и над две и пол илјади изведби во животот. Животот сум го оставил на даските што живот значат, рече Џамбазов.

Тој откри дека во последните години, додека ги средувал наградите што ги добивал во текот на кариерата, сфатил дека на многу од нив не им се израдувал доволно, поради динамичниот професионален живот.  Џамбазов најави и дека паричниот дел од наградата ќе го донира на Јована Станковска, приклучувајќи се на иницијативата на Центарот за култура.

Директорката на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Јоана Сарафимовска, информираше дека оваа година за првпат фестивалот е отворен со претстава на кумановскиот театар.

– Очекуваме голема посетеност и ја покануваме кумановската публика во сите фестивалски вечери да се насмеваме. Картите се речиси целосно распродадени, а салата има капацитет од 650 места, рече Сарафимовска.

Пред присутните се обрати и претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, која го истакна значењето на фестивалот за негување на позитивниот дух во градот. Кумановската публика ја проследи премиерата на „Смрт на погребот“, во режија на Ненад Витанов, со многу смеа, аплаузи и интеракција со актерите. Витанов по премиерата оцени дека реакциите на публиката ги потврдиле очекувањата.

– Имавме многу смеење во текот на целата претстава. Целта на „Денови на комедија“ е секоја година Кумановскиот театар да продуцира по една комедија. Секогаш е задоволство кога публиката се смее, аплаудира и ужива во претставата, рече Витанов.

Тој посочи дека станува збор за брза и динамична современа комедија која преку духовит пристап обработува ситуација со која секој човек може да се соочи, покажувајќи дека и во најтрагичните моменти може да се најде нешто смешно.

Актерот Марко Трајковиќ истакна дека кумановската публика особено добро ја прифатила претставата.

– Уште од првата реплика публиката почна да се смее, а на петтата реплика веќе имавме аплауз на отворена сцена. Тоа ни даде сигурност дека изведбата ќе биде одлична, рече Трајковиќ.

Тој нагласи дека интеракцијата со публиката е еден од елементите на претставата и дека секоја следна изведба може да донесе различни ситуации.

Актерот Никица Јанковски, пак, рече дека кумановската публика „пукна од смеење“, со аплаузи на отворена сцена и реакции до солзи.

– Со Ненад ова ми е вторпат да работам. Со оваа екипа некако станавме константна екипа, со мали измени. Кумановската публика е нешто посебно, рече Јанковски.

Тој  очекува претставата да остане подолго на репертоарот и да гостува и надвор од земјава.

„Денови на комедија“ се одржува под покровителство на Министерството за култура и туризам и Општина Куманово. Во фестивалската програма се 10 претстави кои ќе се натпреваруваат за наградите за најдобра претстава, режија, сценографија, костимографија и актерски остварувања.