Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Македонија

Сали: Сите земји со кои сме разговарале позитивно гледаат на предложената стратегија за проширување на ЕУ

Вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали, кој е дел од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали, кој е дел од македонската владина делегација на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, зборуваше за очекувањата од новата стратегија за проширување на Европската Унија, како и за дијалогот со Бугарија. Сали потврди дека се очекува официјализирање на стратегијата за проширување во согласност со предлозите на Франција и Германија за постепена интеграција на кандидатките, која ја смета за позитивен исчекор.

– Тој документ сè уште е нон пејпер, но е предложен и поддржан од Франција и Германија. Секако дека во овој период беше тема на дискусија и меѓу други членки на ЕУ пред да се објави како официјален документ. Го сметаме како добронамерен и со цел за поддршка на сите земји аспиранти за членство во ЕУ. Очекувам овој документ да биде усвоен доколку не се смени стратегија за негово официјализирање и дека ќе игра добра улога во забрзување на процесот на евроинтегрирањето. Сите земји членки и аспиранти, во комуникациите што сме ги имале досега, гледаат позитивно на овој документ – изјави Сали.

Вицепремиерот ја поддржува и иницијативата на премиерот Мицкоски за вклучување трета страна во разговорите со Бугарија.

Реклама

– Комуникацијата со Софија во овој период недостига, но во еден период секако таа треба да се води со присуство на лидер на земја членка или на официјални лица од Европската комисија или од Европскиот совет. Сметаме дека овие комуникации треба да бидат веродостојни и секако потврдени од трета страна имајќи ги предвид чувствителноста и значењето на овие комуникации и контакти. Би требало да се добредојдени доколку се поддржани со присуство на трета страна – вели Сали.

Вицепремиерот посочи дека на средбите во Њујорк македонската страна имала средби со повеќе лидери на држави во светот, на кои ги пренесува приоритетите на државата и посветеноста на членството во НАТО, зајакнувањето на контактите и соработката со САД, целосното европското интегрирање.

– Како држава потврдуваме уште еднаш, сите чекори што ги преземаме за полноправно членство, напредокот во реформската агенда во склоп на планот за раст и патоказите што ги усвоивме за владеење на правото, за праведно управување со јавната администрација и, секако, акцискиот план за малцинства – изјави Сали во Њујорк.