Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Сиљановска-Давкова: Со љубов многу нешта можат да се надминат, ублажат или подобрат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вчеравечер, во Народната канцеларија во Скопје се сретна со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вчеравечер, во Народната канцеларија во Скопје се сретна со лицата со Алцхајмерова болест и членовите на нивните семејства на настанот „Алцхајмер матине – она што останува: љубов, емоција, емпатија“, организиран од Институтот за Алцхајмерова болест и невронаука, по повод месецот на Алцхајмеровата болест.

Како што информираат од Кабинетот на претседателката, на настанот присуствувале и се обратиле и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, министерот за здравство, Сашо Клековски, и претседателката на Институтот за Алцхајмерова болест и невронаука, проф. д-р Габриела Новотни. 

Во своето обраќање претседателката најпрвин им посака добредојде на лицата со Алцхајмерова болест во Народната канцеларија како дом на граѓаните и им изрази благодарност на нивните најблиски за грижата за нив.

Реклама

Таа го сподели искуството на колешка и нејзина инспирација во правната професија од Швајцарија, која, и покрај Алцхајмеровата болест, отворено и гласно застанала на македонската страна, бранејќи ги правото, правдата и етиката.  

Укажувајќи на огромниот напредок на медицината во справувањето со оваа болест, претседателката сепак ја истакна важноста на подршката на блиските со кои болниот може да ги сподели болката и надежта. 

– Зборот, насмевката, звукот, гестот, љубовта, со еден збор, имаат незаменливо лековито дејство – истакна претседателката.

Министерката за образование и наука Јаневска рече дека на настанот не дошла како министерка туку како човек што одблиску се соочил со болеста. Споделувајќи го личното искуство со сопругот, зборуваше за тешките моменти низ кои поминуваат болниот и неговите најблиски. Таа изрази поддршка за лицата и за семејствата што се соочуваат со болеста нагласувајќи дека и во иднина ќе биде со нив и ќе ги поддржува.

Министерот Клековски ја истакна потребата од долгорочна грижа за лицата со деменција и поголема институционална поддршка за нивните семејства посочувајќи на новите можности за третман и забавување на болеста.

– Мораме сè повеќе да размислуваме како да им овозможиме институционална поддршка на семејствата за овој период од животот подобро да го организираат и пребродат – рече Клековски, изразувајќи поддршка за напорите на лекарите и здравствените работници во подготовките за подобра грижа за сите.

Претседателката на Институтот за Алцхајмерова болест и невронаука, проф. д-р Габриела Новотни, ја нагласи потребата од рана и навремена дијагноза, современа терапија и организирана грижа по поставувањето на дијагнозата. Таа посочи дека Aлцхајмеровата болест не го засега само лицето со дијагноза, туку целото семејство, кое честопати останува само во справувањето со бројните предизвици.

– Ако ги обединиме науката, добрите темели во здравството и образованието и ако на сето тоа додадеме љубов, човечност и емпатија, сигурна сум дека ќе направиме систем во којшто сите семејства кои се соочиле со деменцијата ќе живеат малку подобар живот и покрај болката и страдањето што ги носи болеста – порача Новотни.

Настанот беше можност да се истакне значењето на поддршката за лицата со Алцхајмерова болест и нивните семејства, како и потребата од поголема општествена свест, разбирање и солидарност.