Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за прашањата на изборите и именувањата.
На дневен ред на Комисијата е формирање Комисија за селекција на кандидати за член на Судскиот совет на Македонија по Огласот за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието, како и Утврдување Предлог – одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Македонија.

