Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Важноста на мирот, дијалогот, одговорното лидерство и улогата на државите и меѓународните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Важноста на мирот, дијалогот, одговорното лидерство и улогата на државите и меѓународните институции во справувањето со глобалните предизвици биле темите на кои се разговарало на панел-дискусијата на високо ниво „Reaffirming the promise of peace: using the power we have“, чиј домаќин во Њујорк бил претседателот на Република Финска, Александар Стуб, а на која присуствувал и македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Македонскиот премиер предводи делегација која присуствува на Генералното собрание на ОН.

-Во рамки на престојот во Њујорк, учествував на панел-дискусијата на високо ниво „Reaffirming the promise of peace: using the power we have“, чиј домаќин беше претседателот на Република Финска, Александар Стуб. На панелот разговаравме за важноста на мирот, дијалогот, одговорното лидерство и улогата на државите и меѓународните институции во справувањето со глобалните предизвици, пишува Мицкоски на ФБ.

Тој информира и дека воедно остварил и средба и разговор со претседателот Стуб, на која ги истакнале значењето на почитувањето на меѓународното право, силната мултилатерална соработка и потребата од градење стабилна и безбедна Европа.

Реклама

– Македонија останува посветен партнер во напорите за мир, стабилност и соработка, како членка на НАТО и земја стратешки определена кон европската интеграција, напиша премиерот Мицкоски на својот фејсбук профил.