Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен, денес имаме 7.000 денари повисоки пензии и редовна исплата

Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што се мерливи со бројки, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што се мерливи со бројки, а не со дневнополитички обвинувања и блед обид за собирање на политички поени на СДСM, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

За помалку од две години, пензиите се зголемени за околу 7.000 денари, што е значително повеќе од зголемувањето од 540 денари во првите две години од мандатот на СДСM.

СДСM нема кредибилитет да зборува за пензиите. Во првите 2 години од доаѓањето на СДСM на власт, од јуни 2017 година до јуни 2019 година, Заев и Филипче пензиите ги зголемиле за 540 денари.

Реклама

За време на СДСM и ДУИ, над 200 илјади пензионери примаа пензии под 14 илјади денари, а зголемувањата беа минимални и недоволни за реално подобрување на животниот стандард.

Денес, пензиите се исплаќаат редовно, а државата обезбедува средства за непречено функционирање на пензискиот систем. Затоа, наместо СДСM да шири паника и да пласира политички конструкции, нека се соочи со фактите и со реалноста на пензионерите.

Пензионерите најдобро знаат како живееја во годините на владеење на СДСM и ДУИ, а како живеат денес.

СДСM е партија која нема економска стратегија за државата. Така беше во минатото, кога 7 години ги ограбија граѓаните, а државата ја оставија пред банкрот, а така е и денес, имаат само лаги и празни ветувања за граѓаните.

СДСM и Венко Филипче намаат план за развој и економска визија на државата, немаат стратегија за привлекување нови инвестиции, за отворање на нови фабрики, нови работни места.

Со Владата на ВМРО-ДПМНЕ пензиите се повисоки, исплатата е редовна, а државата ги обезбедува потребните средства за стабилно функционирање на системот.

Пензионерите заслужуваат повисоки и редовно исплатени пензии, сигурност и достоинствен живот, а не политички игри со нивната егзистенција.

СДСM да не ги злоупотребува пензионерите.