Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Димитриевски учествуваше на десеттата национална конференција на програмите за европска територијална соработка

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, присуствуваше на јубилејната конференција во Нови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, присуствуваше на јубилејната конференција во Нови Сад, во организација на Министерството за европска интеграција, информираа денеска од општина Куманово.

Основна цел на конференцијата е претставување на програмите EuroMED, Interact I EPSON, во кои учествува Република Србија со претставници од повеќе регионални општини, високи државни функционери и претставници на европско ниво, меѓу кои и амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Србија, Андреас фон Бекерат. Настанот го отвори Немања Старовиќ, министер во Министерството за европска интеграција на Република Србија.

На церемонијата за доделување грантови – ИПА Програма за прекугранична соработка Србија – Република Северна Македонија, беше презентирана Програмата за двете соседни држави и шесте одобрени проекти од страна на претставникот на заедничкиот технички секретаријат, каде учествуваше и министерот Иван Стоиљковиќ, од Министерството за локална самоуправа на РСМ. На градоначалникот на Општина Куманово му е врачен грант за проектот „Pathways to Prosperity“.

Реклама

Ова претставува голема можност и за други македонски локални единици, кои ќе имаат можност да бидат дел од идни проекти и повици. На настанот учесниците имаа можност да проследат неколку панел дискусии на тема – Глобална Европа: „Создавање на иднината на соработката денес“ и специјалната сесија: „Микро, мали и средни претпријатија“. Во рамки на Националната конференција за програмите за европска територијална соработка, Димитриевски оствари средба со градоначалникот на Нови Сад, Жарко Миќин.