Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Едукативна активност под мотото „Денес учиме да бидеме безбедни во сообраќајот“ во Пехчево

Општина Пехчево, во соработка со Одделението за внатрешни работи (ОВР) Берово и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Пехчево, во соработка со Одделението за внатрешни работи (ОВР) Берово и ОЈУДГ „7-ми Септември“ – Пехчево, реализираше успешна едукативна активност под мотото „Денес учиме да бидеме безбедни во сообраќајот“. Настанот беше наменет за децата од најголемата група на возраст од 5 до 6 години, со цел уште од најрана возраст да се соочат со основните правила за безбедност на патиштата.

Преку разговор, интерактивни игри и практични примери, децата на интересен и за нив разбирлив начин научија како правилно и одговорно да се однесуваат како активни учесници во сообраќајот.

Во рамките на едукативната средба, децата имаа можност да  совладаат повеќе основни сообраќајни правила.

Реклама

-Децата учеа за правилно движење: Каде и како треба да се движат пешаците кога користат тротоар или пешачка патека. Безбедно преминување: На што треба да внимаваат пред да стапнат на улица и како правилно се користи „зебрата“.
Препознавање знаци: Запознавање со основните сообраќајни знаци и значењето на светлосните сигнали на семафорот. Почитување на правилата: Развивање свест за тоа зошто е важно секогаш да се почитуваат сообраќајните прописи, информираа од Општина Пехчево.

Превенцијата како што додадоа е клуч за безбедни улици 

Посебен акцент на оваа активност беше ставен на создавањето правилни сообраќајни навики од најмали нозе.

Навремената едукација и превенцијата според нив се сметаат за најважен столб во унапредувањето на безбедноста на сите граѓани, а особено на децата. 

Преку ваквите континуирани заеднички проекти, Општина Пехчево, ОВР Берово и градинката „7-ми Септември“ како што подвлекоа продолжуваат активно да придонесуваат за подигнување на сообраќајната свест и градење на идни генерации кои ќе бидат внимателни, одговорни и безбедни на улиците.