Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Механџиска: Да го чуваме делото на Петре М. Андреевски, не како спомен на голем писател, туку како живо наследство

Да го чуваме делото на Петре М. Андреевски, не како спомен на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да го чуваме делото на Петре М. Андреевски, не како спомен на еден голем писател, туку како живо наследство што им го оставаме на оние што доаѓаат по нас зашто ако не учи нешто Андреевски, тоа е дека може да се скрши човекот, може да се покоси полето, може да помине времето, но она што има корен, повторно никнува како Пиреј.

Со оваа порака денеска Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ја одбележа 20-годишнината од смртта на овој голем македонски великан кој зад себе остави врвни дела коишто се читаат и цитираат и ден денес.

Директорката на Библиотеката Анета Механџиска со порака – се додека неговата книга се отвора, неговиот глас не замолчува.

Реклама

– Библиотеката како институција на паметењето има посебна одговорност кон таквите автори. Наша задача не е само да ги чуваме нивните книги на полиците, туку да направиме тие книги повторно да се отвораат, да ги читаат младите, да се зборува за нив, да се преиспитуваат, да се откриваат одново. Зашто книга што никој не ја отвора е само зачуван предмет, а книгата што повторно се чита е жива култура. Дваесет години се доволно долг период за една генерација да се промени, но не се доволно за да исчезне еден голем автор, истакна Механџиска.

За Андреевски, рече дека е писател на македонската меморија и дека не пишувал само за Македонија, туку дека ја носел Македонија во својот јазик.

– Во неговите книги има села, куќи, мајки, војни, печалбари, љубовни разделби, сиромаштија, смрт, но и неверојатна животна сила. Има луѓе кои се обидуваат да ја објаснат Македонија, Андреевски ја претстави во литература. Затоа неговото дело е дел од нашето културно паметење. Во неговите стихови и проза не се зачувани само зборови, зачуван е еден начин на живеење, еден менталитет, еден јазичен свет и едно колективно искуство, подвлече Механџиска во своето воведно обраќање.

Дваесетгодишнината од смртта на Петре М. Андреевски, беше одбележана со книжевна поставка, тематски осврти и читање избрани стихови и текстови.