Започна со реализација проектот „Партерно уредување и поставување на урбана опрема на еко – парк Езерце, Пехчево“. Со проектот се предвидува подобрување на целокупниот изглед и функционалноста на просторот, уредување на зелените површини и создавање пријатно и безбедно место за одмор и рекреација на граѓаните.
Реконструкцијата како што информираше градоначалникот на Пехчево, Александар Китански ќе придонесе за збогатување на јавните и рекреативни содржини во градот и за создавање поуреден и поатрактивен простор за жителите и посетителите на Пехчево.
-Посебно внимание е посветено на најмладите, со прдвидени содржини и елементи прилагодени и достапни за деца со попреченост, истакна Китански
Со реализација на проектот според него се создава простор во кој сите деца ќе можат рамноправно да се дружат, играат и забавуваат.

