Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Божиновска: Соларната енергија е сегашноста, но следниот чекор е ред, план и силна мрежа 

Соларната енергија повеќе не е иднина, туку сегашноста на македонската енергетика, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соларната енергија повеќе не е иднина, туку сегашноста на македонската енергетика, но дека следната фаза мора да донесе повеќе ред, планирање и предвидливост, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на отворањето на петтата Годишна соларна конференција, во организација на Македонската соларна асоцијација – Солар Македонија, која ги обединува компаниите, инвеститорите и експертите од секторот на обновливите извори на енергија.

-Не можеме да градиме обновливи капацитети побрзо од она што мрежата може безбедно да го прими. Со новата регулатива и годишните планови Македонија создава предвидлив амбиент за инвестиции и сигурен енергетски систем. Планираме однапред, ја подготвуваме мрежата и создаваме услови новите инвестиции навистина да бидат функционални и одржливи- истакна Божиновска.

Таа, како што велат од МЕРМС, посочи дека новата законска рамка за енергетика и обновливи извори поставува правила за пофер и попредвидлив инвестициски амбиент, но истовремено обезбедува и поголема заштита на енергетскиот систем.

Реклама

Особено значаен нов механизам, како што истакна министерката, се годишните планови за развој на енергетската инфраструктура, преку кои однапред ќе се утврдува каде, кога и какви нови капацитети може да се развиваат, во согласност со реалните можности на мрежата.

-Сакаме да ставиме крај на пристапот „прво да изградиме, па потоа да бараме решение за мрежата“. Паралелно со новите соларни и ветерни капацитети, Министерството работи на зајакнување и дигитализација на преносната и дистрибутивната мрежа, како и на развојот на батериското складирање. Иднината на обновливите извори не е само во тоа колку произведуваме, туку колку паметно ја користиме и ја складираме енергијата- рече Божиновска.

Посочи дека Македонија се подготвува и за следната генерација енергетски технологии. Со првата сеопфатна Водородна студија и новата енергетска инфраструктура се планира со поглед кон идните технологии. Како пример го наведе гасниот интерконектор со Грција, кој е проектиран со можност за иден транспорт на зелен водород.

Божиновска упати и јасна порака до инвеститорите дека државата останува отворена за нови инвестиции во енергетиката, но дека тие мора да се развиваат во рамки на јасни и еднакви правила.

-Вратата е отворена, но правилата мора да бидат јасни и еднакви за сите. Нашата задача е да создадеме систем во кој добрата инвестиција има сигурност, државата има контрола врз својот енергетски систем, а граѓаните добиваат сигурна и достапна енергија. Да ја градиме енергетиката на Македонија – со повеќе сонце, повеќе инвестиции, посилна мрежа и јасен план за иднината- посочи Божиновска.