Реклама

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Македонија

Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ги усвои заклучоците за Стратегијата за спречување на корупција и судир на интереси

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, едногласно на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, едногласно на денешната 80 седница ги усвоија заклучоците и му предлагаат на Собранието да ја усвои Стратегијата за спречување на корупција и судирот на интереси со важност од 2026-2030 година со акциски план за нејзино спроведување како стратешки документ од областа на спречувањето на корупцијата и судирот на интереси.

Претседателот на комисијата Љупчо Пренџов рече мерките, активностите, роковите и индикаторите содржани во стратегијата и планот во делот на Собранието на Македонија, како надлежна носечка или вклучена институција се спроведуваат исклучиво во рамките на уставно-утврдената положба на Собранието, неговите надлежности и постапки уредени со Уставот, Законот и деловникот за работа на Собранието на Македонија. Мерките и активностите од националната стратегија и акцискиот план не можат да ја дерогираат уставната и деловничка постапка за работа на собранието ниту да бидат основ за воспоставување на дополнителни задолжителни услови на собранието. Собранието укажува дека Државната Комисија за спречување на корупцијата при следењето на споредувањето на националната стратегија и при преземањето на активности за нејзина имплементација да ги има предвид овие заклучоци како и забелешките мислењата и предлозите содржани во извештаите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија како и ставовите изнесени во расправата на седница на Собранието. Заклучоците, заедно со извештаите, стенографските белешки, оценки на Собранието ќе бидат доставени до ДКСК и до Владата и ќе бидат објавени во службен весник. За известиле е предложена пратеничката Весна Бендевска.

Пред донесувањето на заклучоците, претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ рече дека при подготовката биле консултирани засегнатите страни, подготвена е врз основа на претходно спроведена проценка на корупциските ризици и методологија за изработка на стратегијата. Како што кажа, донесена е нова методологија за проценка на корупциските ризици, по што бил спроведен инклузивен процес во кој биле опфатени повеќе институции и биле обработени 2.842 прашалници, од кои 488 од раководни лица. Приоритизација имаат јавните набавки и надзор при спроведување над законите.

Реклама

– Врз основа на проценката биле издвоени пет хоризонтални и девет вертикални области. Како приоритетни сектори беа определени правосудство, здравство, транспорт и инфраструктурни проекти, просторно и урбанистичко планирање и градежништво, животна средина, енергетика и природни ресурси-рече претседателот на ДКСК. Во подготовката учествувале државни органи и институции, здруженија, фондации, приватниот сектор и медиуми. ДКСК утврдила преку ексертска поддршка дека за спроведување на стратегијата се потребни, приближно 3,5 милиони евра, средства кои не се опфатени во редовните буџети на институциите. Акцискиот план содржи 113 мерки и 388 активности. За секоја активност се определени институции и фазите на реализација. Претседателот на ДКСК, кажа дека новата стратегија е поинклузивна и попрецизно ги определува обврските на институциите, што би требало да ја олесни нејзината реализација.

Во расправата се вклучи пратеничката Соња Мираковска која кажа дека стратегијата не треба да остане документ кој институциите ќе го разгледуваат еднаш годишно, смета дека следењето треба да биде да биде почесто и подинамично, укажувајќи дека интерпарламентарната група од 60 пратеници треба активно да земат учество.

Реплицираше Пренџов и кажа дека дел од пратениците од опозицијата од СДСМ, ДУИ, Левица за кои рече дека не се појавуваат во Собранието и не дебатираат за своите ставови.

Пратеникот Антонио Милошоски се осврна и на секторот здравство, за кој кажа дека како приоритетна област каде треба да се сузбијат коруптивни појави кои ги прават неколкумина лекари и кои „фрлаат дамка на целата фела“ која чесно ги извршува работите. Тој се надева дека ќе има финансиски средства, ќе се даде кредибилитет на ДКСК, надевајќи се дека сите институции ќе се вклучат во борбата и кажа дека ДКСК не се Суд, Обвинителство, не можат да применуваат санкции, ама се повеќе од јавност.

Борбата против корупција е спуштена на толку ниско ниво, прават корупција поединци на ниско ниво кое по вертикала добива пошироки размери-рече меѓу другото Милошоски.

Весна Бендевска во расправата даде поддршка за стратегијата и го поздрави напорот вложен во нејзината подготовка. Таа кажа дека борбата против корупцијата не може да биде исклучиво задача на една институција или една политичка структура. Во тој контекст, таа кажа дека е важна личната одговорност.

На нејзината дискусија се надоврза пратеникот Малиша Станковиќ кој кажа дека ја поддржува Националната стратегија, но истовремено рече дека искуството со претходната стратегија не дава доволно основа за оптимизам во однос на реализацијата. Во излагањето рече дека Македонија носи „најдобри стратегии, акциски планови“ на хартија, но не ги спроведува. Тој рече дека е загрижен што ќе се случи во 2030-та кога ќе се разгледува извештајот, што е реализирано и кажа дека независноста не значи „помалку корупција“. Тој направи споредба дека во 90-тите имало помалку корупција во судството, во однос на денес кога има повеќе. Тој ја поврза оваа тема со начинот на функционирање на институционалниот систем и со меѓусебната контрола на властите.

Пратеничката Благица Ласовска потсети дека во одреден период ДКСК и Народниот правобранител биле меѓу институциите во кои граѓаните имале повисоко ниво на доверба, но дека перцепцијата за ДКСК во меѓувреме се променила. Таа кажа дека целта е граѓаните што сакаат да ја видат во пракса, а не само во стратешки документ. Таа побара доколку некоја институција не одговори на барањата на ДКСК или не постапува во согласност со преземените обврски, тоа да биде јавно посочено пред собраниската комисија.

Во својот одговор претседателот на ДКСК кажа дека почесто ќе се гледаат во Собранието и на антикорупциската проверка на легислативата и кажа дека една од клучните превентивни надлежности на Комисијата.

– Тие учествуваат во процесот, а имаме застој. Надлежноста е да ја носи, Собранието ја потврдува. После ќе се донесе методологија, ќе бараме од институциите зошто мерките се спроведуваат, не се спроведуваат или делумно се спроведуваат. Да имаме детален одговор и одоговорност, кажа меѓу другото претседателот на ДКСК.

Суштината на оваа надлежност во законодавниот процес, како што кажа е да се утврди дали предложените решенија создаваат простор за коруптивни влијанија или оставаат правни празнини и ќе реагираат до Собранието. Пред комисијата, тој образложи дека во првите осум месеци бројот на предмети веќе го надминал бројот од претходната година, а ДКСК има евидентирано 880 предмети. Според претседателот на ДКСК, бројот на пријави покажува дека граѓаните и натаму се обраќаат до Комисијата и имаат одредено ниво на доверба во нејзината работа.

Во двете клучни надлежности, следење на имотната состојба и спречување судир на интереси досега се изречени над 300 прекршочни платни налози, главно за непријавување имотна состојба и акумулација на функции. Лицата се повлекуваат и ги плаќаат глобите, кажа меѓу другото Чучуљ. Надминат е и бројот на поднесени иницијативи за кривично гонење, досега се поднесени 11. Претседателот очекува подобрување на резултатите во однос на претходната година, нагласувајќи дека Комисијата продолжила со континуирана работа и покрај предизвиците.