Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Со средбата во „11 Октомври-Згради“ Општина Кисела Вода го започна новиот циклус посети на месните заедници, фокусот на реализираните и идните проекти

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и општинскиот тим со средбата што се одржа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и општинскиот тим со средбата што се одржа синоќа, во просториите на урбаната заедница „11 Октомври-Згради“, официјално го започнаа циклусот посети на месните и урбаните заедници во Општина Кисела Вода.

Како што наведуваат од локалната самоуправа, на овој прв собир, во конструктивна и отворена атмосфера, жителите имаа можност директно да разговараат со градоначалничката и со раководителите и претставниците на секторите од општинската администрација. Фокусот беше ставен на досегашната реализација на проектите, но и на идните приоритети кои произлегуваат од нивните реални потреби.

На средбата беа истакнати значајни капитални и инфраструктурни зафати реализирани во изминатиот период, меѓу кои се издвојуваат проширувањето на капацитетите на детската градинка „Весели цветови“ – клон „Кокиче“ со нови простории, како и доградбата на нови училници во ООУ „Невена Георгиева Дуња“. Жителите изразија особена благодарност за успешно спроведениот проект за санација на постоечки лифтови, преку кој се доделени субвенции за реконструкција. Исто така, позитивно беа оценети редовното одржување и косење на трим-патеката, како и богатата културна програма и настани што Општината ги организира во парковите „Шопен“ и „Пушкин“.

Реклама

-Во рамките на отворената дискусија, граѓаните ги посочија и новите барања и потреби за подобрување на секојдневните услови за живеење. Меѓу приоритетните барања беа поставени поставување ново осветлување на делот пред салата „Расадник“, обезбедување дополнителен паркинг простор зад зградата на ул. „Михаил Чаков“ бр. 13, поставувања нови контејнери на улиците „Петар Дељан“ и „Михаил Чаков“, како и асфалтирање на преостанатата мала уличка во должина од 50 метри зад зградата на Општината, се наведува во соопштението.

Оваа теренски средби, се додава, продолжуваат и во наредниот период, при што со посетите ќе бидат опфатени сите месни и урбани заедници во Општина Кисела Вода.