Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ЕВН: Набавката на електричните броила е спроведена согласно сите законски регулативи

– Сите набавки на ЕВН Македонија се спроведуваат низ јасно утврдена постапка,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Сите набавки на ЕВН Македонија се спроведуваат низ јасно утврдена постапка, со почитување на законските процедури и специфичните технички критериуми, велат од енергетската компанија за последниот договор за набавка на електрични броила.

-Таквата пракса беше применета и во постапката за набавка на броила, каде што, покрај законската регулатива, беа доследно применети и критериумите за техничка и професионална способност, усогласеноста со барањата од техничката спецификација, како и проверката за евентуално постоење причини за исклучување на понудувачите од постапката- порачуваат од ЕВН Македонија и додаваат дека  изборот на понудувачот е направен со строго почитување на утврдените критериуми и регулативи.

Изборот на понудувачот, како што велат, е резултат исклучиво на спроведената постапка и на исполнувањето на однапред утврдените критериуми и барања, без простор за политички или други толкувања поврзани со изборот.

Реклама

-Промената на броилата е дел од процесот за целосно усогласување на дистрибутивниот систем со стандардите на Европската Унија и интензивно се спроведува со години наназад, а ќе продолжи и во следниот период, посочуваат од ЕВН Македонија.

Од ЕВН ја поврзуваат набавката на електрични броила со поширокиот инвестициски циклус за модернизација на електродистрибутивната мрежа и подобрување на услугите. Во рамките на тој процес, според компанијата, се реализираат повеќе активности – далечинско управување со трафостаниците, унапредување на софтверските решенија за управување и замена на електричните броила.