Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Македонија

Мостот на реката Брегалница на штипскиот булевар „Гоце Делчев“ затворен до 7 октомври

Затворен е за сообраќај дел од булеварот „Гоце Делчев“ во Штип, од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Затворен е за сообраќај дел од булеварот „Гоце Делчев“ во Штип, од крстосницата кај „Мал одмор“ до ЈП „Македонијапат“. Од општина Штип информираат дека градежната компанија која работи на реконструкцијата на мостот на реката Брегалница на булеварот „Гоце Делчев“ влегува во фаза на градежни активности да се работи и на долниот, но и на горниот дел на мостот. Се очекува градежните активности да завршат до 7 октомври, по што ќе биде пуштен овој дел за сообраќај, кој е влез и излез на градот Штип и кон Скопје и кон Радовиш и Струмица. 

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов пред четири месеци истакна дека во градежните активности се опфатени подобрувањето на статиката на мостот и третирање на горниот дел од мостот, со нов асфалт на коловозт, тротоарни површини, ограда и улично осветлување. Инвестицијата е на ЈП за државни патишта во вредност од 30 милиони денари.

Инаку,  возилата кои доаѓаат кон градот Штип ќе се пренасочуваат кон улицата кај „Штип сити Мол“.

Реклама