Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Стоилковиќ: Европската територијална соработка создава можности за локалните заедници

Европската територијална и прекугранична соработка има особено значење за локалните заедници, овозможувајќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската територијална и прекугранична соработка има особено значење за локалните заедници, овозможувајќи размена на искуства, развој на партнерства и реализација на конкретни проекти од интерес за граѓаните, порача министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ во своето обраќање на 10. Национална конференција за програмите за европска територијална соработка, која се одржува во Нови Сад, Србија.

-Преку европската територијална соработка создаваме можности локалните заедници заеднички да одговорат на предизвиците, да ги развиваат своите капацитети и да ги искористат локалните потенцијали. Не станува збор само за финансиска поддршка, туку и за градење долгорочни партнерства и доверба меѓу институциите и заедниците- истакна Стоилковиќ.

Министерството за локална самоуправа е Национален орган за ИПА III Програмата за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија 2021–2027. Вториот повик во рамки на Програмата, во вредност од 4,2 милиони евра, се очекува да биде објавен во октомври и ќе отвори нови можности за општините, институциите и организациите.

Реклама

Министерот, се посочува, упати благодарност до Европската Унија и Делегацијата на ЕУ за континуираната поддршка, како и до партнерите од Србија за досегашната успешна соработка, со порака дека Министерството ќе продолжи да работи на јакнење на можностите за локален и регионален развој.