Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Павле Трајанов: Постои Национална платформа за намалување ризици од катастрофи

Во врска со изјавите и дилемите во јавноста дека не постои стратегија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во врска со изјавите и дилемите во јавноста дека не постои стратегија (Платформа) за спречување на можни катастрофи од пожари, земјотреси, поплави, суши, радиоактивен отпад, терористички акти, сајбер напади, загадување на воздухот, појава на епидемии итн, сакам да нагласам дека се целосни паушални и неточни тврдења, пред сѐ поради немање на институционалнa меморија, се вели во соопштението на Демократски сојуз од изјавата на нивниот претседател Павле Трајанов.

Постои Национална платформа за намалување на ризици од катастрофи усвоена од Владата на Македонија во септември, 2019 година, која од Одделите на ООН е оценета со највисока оценка со најава финансиски да го поддржат Акцискиот план за модернизација на системот за управување со кризи, заштита и спасување, вклучително и територијалните противпожарни единици.

Во Платформата е предвидено и темелна реформа на системот за управување со кризи, преку обединување на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, како и функционално поврзување на ТППЕ, воспоставување единствена команда итн.

Реклама

Оваа Платформа е резултат на претходна анализа подготвена од меѓуресорска работна група, како и анализи и проценки на УНДП, НАТО, ОБСЕ, Воената академија, Европската команда на САД, Европскиот цивилен механизам, Финалниот извештај на Партнери менанџмент и консалтинг, Документациската анализа на постоечката законска регулатива и документи поврзани со системите за управување со кризи итн.

Во Платформата јасно се дефинирани обврските на многу институции и потребата од реформи и насоки како да се реформира системот за управување со кризи, заштита и спасување.

Инаку реформите каснат поради незаинтересираност и отпорот на раководните(поранешни) работници во ЦУК и ДЗС.

Пред две години, Владата формира меѓуресорска работна група, која до крајот на оваа година треба да подготви закон во кој ќе се вградат реформските определби и воспостави целосно нов и обединет систем за управување со кризи, заштита и спасување.