Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Еве ги арамиите на Зоран Заев во посета на Генералното собрание на Обединети нации, кога Заев беше премиер, а Венко Филипче министер

СДСМ мислат дека сите се како нив, па од таа перспектива се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ мислат дека сите се како нив, па од таа перспектива се навикнати и ги гледаат работите, па затоа и им смета и официјалната посета на САД на претседателот и премиер, Христијан Мицкоски. Кога СДСМ збори за некаква армија на Мицкоски, еве ги арамиите на Зоран Заев во посета на Генералното собрание на Обединети нации кога Заев беше премиер, а Венко Филипче министер, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. 

Во таа делегација бил и Венко Филипче како министер за здравство на шетање во Њујорк, Насер Нуредини министер за екологија, Бујар Османи и Нина Ангелова како и сегашниот „независен“ новинар Зоран Бојаровски, советници и вработени во влада. Таму и кучињата по дома ги земале на шетање во САД.

Но, за разлика од тогаш денес нема непотребни членови на делегацијата и нема луксузирање и дополнително, ефектите и придобивките за државата се далеку поголеми.

Реклама

Во рамките на оваа посета се одржаа бројни средби со високи американски државници, меѓу кои и со државниот секретар на САД, Марко Рубио како со заменик-државниот секретар, Кристофер Ландау и бројни конгресмени.

Во рамките на посетата на САД, Претседателот и премиер, Мицкоски вчера учествуваше и достоинствено ја претставуваше Македонија и на отворањето на Генералното собрание на Обединетите нации, што претставува место на кое се носат важни одлуки.

На оваа посета уште еднаш беше потврдено и зацврстено стратешкото пријателство со САД и можностите ова пријателство да се претвори во инвестиции и економски развој.